Паралелизам на битско ниво

Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Паралелизам на битско ниво е форма на паралелно пресметување базирано на зголемување на големината на зборот на процесорот . Зголемувањето на големината на зборот го редуцира бројот на инструкции што процесорот мора да ги изврши со цел да се изврши операција на променливи чии големини се поголеми од должината на зборот. (На пример, разгледајте го случајот кога 8-битен процесор треба да собере два 16-битни цели броеви. Процесорот прво треба да ги собере 8-те битови од понизок ред од секој цел број, а потоа да ги собере 8-те битови од повисок ред, барајќи две инструкции за да заврши една операција. 16-битен процесор би можел да ја заврши операцијата со една инструкција.)

Првично, сите електронски компјутери беа сериски (едно-битни) компјутери. Првиот електронски компјутер кој не беше сериски компјутер, првиот бит-паралелен компјутер - беше 16-битниот Whirlwind компјутер од 1951 година.

Од појавата на технологијата за производство на компјутерски чипови со многу висок степен на интеграција (VLSI) во 1970-тите до околу 1986 година, доведе до голем напредокот во компјутерската архитектура со тоа што се зголеми паралелизмот на ниво на битови,[1] па 4-битните микропроцесори беа заменети со 8- бит, потоа 16-битни, па 32-битни микропроцесори. Овој тренд генерално заврши со воведувањето на 32-битни процесори, кои беа стандард во општата намена на компјутерите речиси две децении. 64-битни архитектури беа воведени од страна на Nintendo 64 (1996), но покрај ова воведување тие не беа распространети се до појавата на x86-64 архитектурите околу 2003 година и 2014 година за мобилни уреди со ARMv8-A инструкцискиот сет.

Кај 32-битните процесори, ширината на надворешната магистрала за податоци продолжува да се зголемува. На пример, DDR1 SDRAM пренесува 128 бита по такт. DDR2 SDRAM пренесува минимум 256 бита по рафал (burst).

Видете исто така

уреди
  • Единечна инструкција, повеќе податоци (SIMD)
  • SIMD во рамките на регистарот

Наводи

уреди
  1. David E. Culler, Jaswinder Pal Singh, Anoop Gupta. Parallel Computer Architecture - A Hardware/Software Approach. Morgan Kaufmann Publishers, 1999. ISBN 1-55860-343-3, pg 15