Парабола за загубената овца
Парабола за загубената овца — една од најпознатите Исусови приказни. Приказната зборува за овчар кој изгубил една овца, а тој ги остава сите други за да ја најде. Оваа приказна влијаела на идејата за Исус како добар пастир.[1]
Приказната е запишана во канонските евангелија според Матеј (18:12–14) и Лука (15:3–7), како и во неканонското евангелие според Тома (Изреди 107). Евангелието според Лука содржи уште две слични параболи за губење и искупување, параболата за загубената драхма и параболата за загубениот син, која Исус ја раскажува откако свештениците го обвиниле дека се дружи со „грешниците“.[2]
Парабола
уредиСпоред Матеј
уредиЕвангелието според Матеј ја раскажува следнава Исусова парабола:
12. Како ви се чини? Ако некој има сто овци и една од нив се загуби, нема ли да ги остави деведесет и деветте в планина и да појде да ја бара загубената овца?
13. Па, ако се случи да ја најде, вистина ви велам, ќе се радува за неа повеќе отколку за деведесет и деветте загубени.
— Евангелие според Матеј, 18:12–14 [3]
14. Така и вашиот Отец небесен не сака да загине ниедно од овие, маливе.
Според Лука
уредиЕвангелието според Лука ги цитира следниве зборови на Исус:
4. Кој од вас, имајќи сто овци, кога загуби една од нив, не ќе ги остави деведесет и деветте во пустината и не ќе тргне по загубената, додека не ја најде?5. А откако ќе ја најде, ќе ја крене на рамо радосен;
— Евангелие според Лука, 15:4–7 [4]
6. и кога ќе дојде дома, ќе повика пријатели и соседи, и ќе им рече: „Радувајте се со мене, оти ја најдов мојата загубена овца!“
7. Ви велам, дека така и на небото ќе биде поголема радост за еден грешник, кој се кае, отколку за деведесет и девет праведници, што немаат потреба од каење.
Според Тома
уредиЕвангелието според Тома ја запишува следната верзија на приказната:
Царството е исто како пастирот со сто овци: едната, најголемата, залутува; ги остава деведесет и деветте и ја бара таа едната додека не ја најде. Потоа, по толку труд, ѝ вели на овцата: Те сакам повеќе од оние деведесет и деветте. — Евангелие според Тома
Толкувања
уредиОваа приказна дели заедничка тема со две други слични приказни за загуба и пронаоѓање: приказната за загубената драхма и приказната за загубениот син. Загубена овца или паричка претставува загубено човечко суштество. Во оваа аналогија, Исус е пастир, кој се поистоветува со ликот на Бог како пастир што ги бара загубените овци во Езекил 34: 11–16.[2]
Џоел Грин смета дека овие споредби се првенствено за Бога и нивната цел е да ја покажат „природата на божествениот одговор на враќањето на загубениот“.[5] Радоста на пастирите ја претставува радоста Божја, што е спротивно на укорот на верските водачи на кои им е упатена оваа проповед.[5]
Наводи
уреди- ↑ Walter Lowrie, Art in the Early Church. Предлошка:Page1
- ↑ 2,0 2,1 Richard N. Longenecker, The Challenge of Jesus' Parables, Eerdmans. Парабола за загубената овца
- ↑ „Свето евангелие според Матеј“. Свето писмо. Посетено на 13 мај 2022.
- ↑ „Свето евангелие според Лука“. Свето писмо. Посетено на 13 мај 2022.
- ↑ 5,0 5,1 Joel B. Green, The Gospel of Luke, Eerdmans. Парабола за загубената овца
Надворешни врски
уреди- Парабола за загубената овца на Ризницата ?
- Добриот пастир на Ризницата ?