Палење на стрништата
Палењето на стрништата е практика на намерно палење на стрништата што остануваат по жетвата на житарките, како оризот и житото. Техниката се користи за брзо и ефтино чистење на полињата. Таа е широко распространета и денес.
Палењето на стрништата е поврзано со зголемено загадување на воздухот поради контаминацијата со честички што ја дистрибуираат во атмосферата.
Ефекти
уредиПалењето на стрништата може да има позитивни и негативни ефекти.
Генерално корисни ефекти
уреди- Поевтина и полесна во споредба со другите методи
- Помага во борбата против штетници и плевели
- Може да го намали врзувањето на азот[1]
Генерално штетни ефекти
уреди- Губење на хранливи материи.
- Аерозагадување од чадот.[2] Вклучувајќи ги и стакленичките гасови кои ја оштетуваат озонската обвивка.
- Ризик од ширење на пожари надвор од контрола.[3]
- Дополнително, пролонгираното горење на стрништата ја уништува корисната микрофлора и фауна во почвата што ја намалува органската материја и ја уништува рамнотежата јаглерод-азот.[4]
Ставови кон палењето на стрништата
уреди- Во Македонија со Законот за земјоделско земјиште забрането е палењето на оган во посевите, стрништата и во нивна близина, но поради малите казни тоа останува честа практика.
- Палењето на стрништата е забрането во Обединетото Кралство од 1993 година.[5] Вооченото зголемување на црна трева, а особено на црна трева отпорна на хербициди, доведе до кампања на некои земјоделци за враќање на практиката.[6]
- Во Австралија палењето на стрништата "не е претпочитана опција за мнозинството земјоделци",[7] но е дозволено и препорачано во некои околности.[8]
- Во САД, палењето е често на средниот запад, но некои сојузни држави како Орегон и Ајдахо ја регулираат оваа практика.[9][10]
- Во ЕУ, Заедничката земјоделска политика силно го обесхрабрува палењето на стрништата.[11]
- Во Кина, постои владина забрана за палење на стрништата; сепак практиката останува прилично вообичаена.[12]
- Во северна Индија, и покрај забраната од Одборот за контрола на загадувањето во Пенџаб, палењето на стрништа сè уште се практикува. Властите почнуваат да ја спроведуваат оваа забрана попроактивно и да истражуваат алтернативи.[13][14][15]
- Палењето на стрништата е дозволено со дозвола во некои канадски провинции, вклучително и Манитоба каде што е проценето дека 5% од земјоделците го практикувале во 2007 година.[16]
Наводи
уреди- ↑ „Grains and Other Crops» Crop Production» Stubble Burning“.
- ↑ Zhang, H.; Hu, D.; Chen, J.; Ye, X.; Wang, S. X.; Hao, J. M.; Wang, L.; Zhang, R.; An, Z. (2011). „Particle size distribution and polycyclic aromatic hydrocarbons emissions from agricultural crop residue burning“. Environmental Science & Technology. 45 (13): 5477–82. Bibcode:2011EnST...45.5477Z. doi:10.1021/es1037904. PMID 21615081.
- ↑ Ellison, Amelia (24 August 2013). „Stubble burns cause headache for firebrigades“. The Wimmera Mail Times. Посетено на 24 August 2013.
- ↑ Bhuvaneshwari, S.; Hettiarachchi, Hiroshan; Meegoda, Jay N. (2019). „Crop Residue Burning in India: Policy Challenges and Potential Solutions“. International Journal of Environmental Research and Public Health (англиски). 16 (5): 832. doi:10.3390/ijerph16050832. ISSN 1660-4601. PMC 6427124. PMID 30866483.
- ↑ „The Crop Residues (Burning) Regulations 1993“. www.legislation.gov.uk.
- ↑ Tasker, Johann (30 May 2012). „Farmers step up stubble burning campaign“. Посетено на 24 August 2013.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеvicgovau
. - ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеmailtimes
. - ↑ „Oregon Secretary of State Division Rules, Chapter 603, Division 77, "Field Burning Rules"“. Посетено на 4 November 2019.
- ↑ Idaho Department of Environmental Quality. „Crop Residue Burning“. Посетено на 4 November 2019.
- ↑ „REGULATION (EU) No 1306/2013 OF THE EUROPEAN PARLIAMENT AND OF THE COUNCIL“.
- ↑ „Farmers burn wheat stubble despite ban“. Peoples Daily. 15 June 2013. Посетено на 24 August 2013.
- ↑ „Paddy stubble burning: Two farmers booked in Sangrur“. Hindustan Times. 31 October 2014. Архивирано од изворникот на 2 November 2014. Посетено на 23 November 2014.
- ↑ Slater, Joanna (15 October 2018). „India is trying to prevent apocalyptic air pollution. Step 1: Stop farmers from burning their fields“. Washington Post (англиски). Посетено на 17 October 2018.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по име:0
. - ↑ „Smoke from stubble fires engulfs Winnipeg“. Canadian Broadcasting Corporation. 6 September 2007.