Антиохов дворец

дворец во Цариград
(Пренасочено од Палата Антиох)

Антиохов дворец (грчки: τὰ παλάτια τῶν Ἀντιόχου) е поранешна палата која се наоѓала во Цариград, денешен Истанбул, Турција. Оваа градба била изградена во текот на 5 век а била идентификувана со археолошките укопувања во 1940-тите и 1950-тите години. Палатата се наоѓала во административниот дел од Цариград, во близина на хиподромот, а дел од нејзините остатоци се видливи и денес. Во текот на 7 век, палатата била претворена во црква и посветена на Света Ефимија.

Административниот дел од градот

Историја

уреди

Палатата била изградена како резиденција на Антиох, евнух од персиско потекло, кој имал големо влијание во времето на Теодосиј II (408-450). По неговата смрт, имотот бил запленет од страна на императорот. За првпат палатата била откриена во 1939 година, кога фрески од Света Ефимија биле откриени северозападно од хиподромот. Во понатамошните ископувања била пронајдена шестаголна сала со полукружна форма. Според овие ископувања, оваа градба била изградена во околу 430 година.

Црквата најверојатно била основана во почетокот на 7 век. Во времето на византиското иконобарство објектот служел како продавница за оружје.

Опис

уреди

Оригиналната палата се состоела од два дела, јужен и северен. Јужниот дел денеска не е достапен за јавноста, додека на северниот дел се наоѓала црквата која била во полукружна форма со 60 метри пречник во нејзината основа, а нејзниот двор бил поплочен со мермер. Шестаголната сала најверојатно на почетокот служела како трпезарија. Пречникот на салата бил околу 20 метри, а секој од круговите зафаќал околу 10,4 пречници.

Во времето кога дел од објектот бил претворен во црква, покрај тоа биле извршени неколку обновувања.

Надворешни врски

уреди