Во сметачката графика, Ојлеровиот филтер е филтер наменет за спречување на Карданово заклучување и поврзани прекини во збирките на податоци за анимација во кои ротацијата е изразена во однос на Ојлеровите агли.

Овие прекини се предизвикани од постоењето на пресликувања многу-на-еден помеѓу параметаризацијата на Ојлеров агол на множеството на тродимензионални вртења. Ова овозможува множеството податоци да се превртува помеѓу различни комбинации на Ојлерови агли кои одговараат на едно тродиомензионално вртење, кои, иако остануваат постојани во просторот на вртење, се прекинати во просторот на параметрите на Ојлеровиот агол.

Ојлеровиот филтер избира примерок по примерок помеѓу можните претстави на Ојлеровиот агол на секое тродимензионално вртење во множеството податоци на таков начин што ќе го зачува продолжението на временските серии на Ојлеровиот агол, без промена на вистинските тродимензионални вртења.

Ојлеровото филтрирање е достапно во голем број пакети за тродимензионална анимација.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди