Осумнаесетта кавадаречка македонска ударна бригада

Осумнаесетта кавадаречка ударна бригада — бригада на НОБ во Македонија.[1]

Осумнаесетта кавадаречка македонска ударна бригада
Активна18 септември 1944
ЗемјаМакедонија
Видбригада
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија

Историјат

уреди

Оваа бригада била формирана на 18 септември 1944 година. Бригадата била основана во селото Дабниште, Тиквешко. Во составот на оваа бригада влегле борци и старешини од Осумнаесеттата дополнителна македонска ударна бригада, од составот на 41 македонска дивизија. Командант на оваа бригада бил Димо Јанчевски - Бодри. На 3 октомври 1944 година се формира Единаесетта кавадаречка ударна бригада, во чиј состав влегле борци од Осумнаесеттата кавадаречка ударна бригада.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. ​133

Поврзано

уреди