Орла Перќ
49°13′06″N 20°01′43″E / 49.21833° СГШ; 20.02861° ИГД
Орла Перќ (полски: Orla Perć - „Орлова патека“) — планинарска патека во Татрите во јужната Полска. Се смета дека е најтешка и најопасната патека во целите Татри [1] и затоа е соодветна само за искусните планинари. Стазата е обележена со црвени знаци. Откако беше основана, повеќе од 120 луѓе загинаа на патеката.[2]
Технички податоци
уредиПатеката се наоѓа во центарот на Високите Татри. Вкупната должина на достапната патека е 4,5 km.[3] Полно време на преодот (во летото, во зависност од услови на патека) менува се од 6 до 8 часа.[4] Највисоката точка е Кожи Вјерх со 2.291 м н.в. Патеката почнува на превојот Заврат (2.159 м) и завршува на превојот Кшижне (2.112 м); води преку неколку врвови и траверзира други. Патеката е многу опасна и води главно долж планинскиот гребен. Бројните помоши за качување се достапни за планинари на најстрмни и вертикални делови, вклучувајќи лествици, подвижни скали, синџири и метални степеници [5] Најчестите земји се главно гранитните плочи, чакал и нерамна површина. Патеката е поврзана со другите патеки; има сосема осум раскрсници, водечки до планинарските домови. Дел од превојот Заврат до Кожи Вјерх е еднонсочен. Паѓање на камења и лавини се можни долж патеката.
Историја
уредиПатеката ја замислуваше во 1901 г. Франќишек Новицки, полскиот поет и планинскиот водич. Таа беше изградена и означена од отецот Валенти Гадовски меѓу 1903 г. и 1906 г.; Сепак крстосниците и другите помошни патеки беа спроведени и означени до 1911 г.[6] После неколку смртни несреќи, во 2006 г. планинската водачка Ирена Рубиновска и Пјотр Микуцки, режисер, апелираа до органите на Татранскиот национален парк да отстранат сите помоши за качување по должината на маршрутата и да ги менуваат на вија ферата (железен пат).[7] Барање се сретна со различни реакции на професионални групи вклучени во туристичкиот бизнис. Беше констатирано дека тоа е историски пат и дека ќе остане непроменет. Затоа што бројни несреќи се одржаа кога планинари се минуваа во спротивни насоки, Управувањето на Татранскиот национален парк од јули 2007 воведе еднонасочен сообраќај на дел од превојот Заврат до Кожи Вјерх.
Наводи
уреди- ↑ Dariusz Dyląg: Orla Perć: przewodnik wysokogórski, Oficyna Wydawnicza Rewasz, Pruszków 2006, ISBN 83-89188-50-3
- ↑ Orla Perć – wypadki i akcje ratownicze Архивирано на 13 март 2016 г. (достап 15 ноември 2009.)
- ↑ Zabójcza Orla Perć?
- ↑ Tatry: Orla Perć (достап 15 ноември 2009.)
- ↑ Orla Perć Архивирано на 20 ноември 2009 г. (достап 25/11/08)
- ↑ Zofia Radwańska-Paryska, Witold Henryk Paryski: Wielka Encyklopedia Tatrzańska. Wyd. Górskie, 2004. ISBN 83-7104-009-1.
- ↑ „Juliusz Wysłouch "Via ferraty dla tatr Wysokich, "Na szlaku" 10/2003“. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2016-03-26.
Надворешни врски
уреди- Орла Перќ на Ризницата ?
- Орла Перќ - Заврат - Кшижне
- Орла Перќ — несреќи и спасувања Архивирано на 13 март 2016 г.
- Филм посветен на Орла Перќ