Општонародно востание во Македонија
(Пренасочено од Општо народновостание во Македонија)
Општотонародно востание во Македонија — масовно движење кое се одвивало во текот на 1944 година. Воените единици успешно им се спротивставиле на надмоќните непријателски сили во едномесечниот Февруарски поход во должина од околу 400 км, во најнеповолни временски услови, и во Пролетната офанзива. Народноослободителната Војска на Македонија веќе добила масовен општонароден карактер во Вардарска Македонија во летото 1944. Во Пиринскиот дел на Македонија биле формирани НО бригада Јане Сандански и Пиринскиот партизански одред Рила, а Петричкиот партизански одред беше во постојана врска со единиците на ЕЛАС на планината Али Ботуш.