Оптичка моќ е степенот во кој една леќа, огледало или друг оптички систем собира или растура светлина. Еднаква е на реципрочната вредност на фокусното растојание на направата.[1] Најзастапена единица за изразување на оптичката моќ е диоптерот. Системот SI ја користи единицата обратен метар (m−1).

Ако поставиме две или повеќе тенки леќи една до друга, тогаш заедничкат оптичка моќ е приближно еднаква на збирот од поединечните оптички моќи на леќите. Така, оптичката моќ на една леќа е приближно еднаква на збирот од моќите на секоја нејзина површина. Овие приближности наоѓаат честа примена во оптометријата.

Ако леќата ја потопиме во некоја средина, тогаш се менува нејзината оптичка моќ и фокусно растојание.

Човечкото око кое има премногу или премалку прекршувачка моќ да сосредоточува светлина во мрежницата страда од аметропија (грешка во прекршувањето). Окото што страда од кратковидост (миопија) е премоќно, па затоа светлината се сосредоточува пред самата мрежница. Обратно на ова, окото со далекувидост (хиперопија) е преслабо и затоа кога е во мирување, светлината се сосредоточува зад мрежницата. Окото со прекршувачка моќ во едно видно поле што е различна од прекршувачката моќ на други видни полиња има астигматизам. Анизометропија е нееднаква способност на двете очи за прекршување на светлината.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Greivenkamp, John E. (2004). „Field Guide to Geometrical Optics“. SPIE Field Guides vol. FG01. SPIE. стр. 7. ISBN 0-8194-5294-7. Отсутно или празно |url= (help)
  2. „анизометропија“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет