Опсада на Новогеоргиевск
Опсада на Новогеоргиевск била битка во Првата светска војна што се водела откако Германците ја пробиле руската одбрана за време на Офанзива Горлице-Тарнов и се приближиле до Варшава.
Опсада на Новогеоргиевск | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Источен фронт за време на Првата светска војна | |||||||
Руски топови заробени во Новогеоргиевск. |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Германско Царство | Руско Царство | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Ханс Хартвиг фон Беселер | Николај Павлович Бобир | ||||||
Сила | |||||||
80.000 | 90.000 | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
90.000 |
Русите решиле да ја бранат тврдината во Новогеоргиевск (денес Модлин) во Полска. Во тврдината имало 90.000 луѓе пред евакуацијата на Варшава, на 5 август. германската армија предводена од генерал Ханс хартвиг фон Беселер се приближила до Новогеоргиевск со 80.000 војници, вклучувајќи го моќниот воз за опсади, користен при освојувањето на Антверпен во 1914 година, шест 16 инчни (400 mm) и девет 12 инчни (300 mm) хаубици.[1]
Новогеоргиевск бил опколен на 10 август, а бомбардирањето започнало неколку дена подоцна. Бомбардирањето било концентрирано на североисточната страна, северно од реката Висла. Германскиот напад бил успешен откако го фатиле главниот инспектор со детални карти за одбрана на тврдината.[1] По тешките напади, Германците нападнале три од тврдините со 22 пешадиски баталјони и заробиле две од нив. Русите биле приморани да се повлечат северно од Висла.
Русите се предале на 20 август, и изгубиле 1.600 топови и околу 1.000.000 артилериски гранати.[1] Во човечки жртви, загинале околу 90.000, меѓу кои 30 генерали.[1]
Галерија
уреди-
Руското утврдување во Новогеоргиевск.
-
Руски топ заробен во Новогеоргиевск.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Kihntopf, Michael P. „The fall of Novo Georgievsk: End of Russian Dominance in Poland“ (PDF). www.strategyandtacticspress.com. Christopher Cummins. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-14. Посетено на 14 December 2013.
Надворешни врски
уреди- Опсада на Новогеоргиевск на Ризницата ?
- За опсадата
- За германските битки во 1915