Описна статистика - Организирање податоци

В. Организирање податоци

Верувале или не, најтешката реченица во статистика е:

Да се организираат следните податоци и истите да се претстават со соодветен дијаграм.

Најважното во овој процес е добро да се разбере зошто биле податоците собрани.


Пример В-1: Во Табела 8 дадени се дадени измерените телесни температури на еден пациент на болница во рок од 24 саати и тоа на секои 4 саати. По потреба доорганизирај ги податоците и претстави ги со соодветен дијаграм.

Измерени температури на пациент
Час
10
14
18
22
2
6
°C
38,8
38,7
38,2
38,5
37,0
37,5

Табела 8: Податоци за температура

Решение:

Имаме мал број на последователно (во време) податоци, па сметаме дека доволно добро се организирани за графичко претставување. Можеби најдобра графичка презентација на овие податоци е дијаграм што би ја покажал ова последователна врска, односно линиски дијаграм (види Слика 4).

 
Слика 4: Линиски дијаграм на податоци

Забележуваме дека „како стандардно“ го ставивме времето по хоризонталната оска, а вредностите (тука температурите) ги ставивме по вертикалната оска. Исто така, забележуваме дека иако температурите се броеви, „просечна“ температура на еден пациент нема смисла.



Пример В-2: Во Табела 9 се дадени измерените телесни температури на 6 пациенти со истата болест. По потреба доорганизирај ги податоците и претстави ги со соодветен дијаграм.

Измерените температура на 6 пациенти
Пациент
1
2
3
4
5
6
°C
38,8
38,7
38,2
38,5
37,0
37,5

Табела 9: Податоци за температура

Решение:

Тука податоците не се „поврзани“ така што можеби е подобро да ги претставиме со точкест дијаграм (ги криеме линиите во ексел) како на Слика 6. Бидејќи има смисла, додадена е просечната температура, т.е. аритметичката средина на шесте температури.

 
Слика 5: Точкест дијаграм на податоците со нивниот просек

Забележуваме дека истите податоци се „дадени“ во примерите В-1 и В-2, но јасно е дека целта е различна, па на друг начин треба да се обработуваат овие податоци, односно да ги претставиме со различни дијаграми. Исто така, во првиот пример В-1, редоследот на податоците е важен бидејќи се мерени во време, а во вториот пример редоследот не е важен. Значи, доколку сакаме во пример В-2, можеме да ги реорганизираме, односно, на пример да ги подредиме податоците од помала кон поголема температура (види Табела 10 и Слика 6).


Сортирање на податоци

Измерените температура на 6 пациенти
Пациент
1
2
3
4
5
6
°C
37,0
37,5
38,2
38,5
38,7
38,8

Табела 10 : Податоци за температура – подредени по големината

 
Слика 6: Точкест дијаграм на подредени податоци со нивниот просек

 

Како што рековме при организирање на податоците најважното е да се има предвид зошто биле собрани податоците. Меѓутоа исто така при организирањето важен е и типот на податоците и дали и како се групираат.


Литература

уреди
  1. Descriptive Statistics on Wikipedia[мртва врска]

Други референции

уреди