Операција „Безбедно пристаниште“
Операција „Безбедно пристаниште“ – операција за преместување на бегалци кој го извршил Маринскиот корпус на САД за да евакуира 15.570 до 21.000 од 200 000 унгарски бегалци во Соединетите Држави после Унгарската револуција од 1956 година. На 10 декември 1956 година Двајт Ајзенхауер наредил воспоставување на воздушен мост, како одговор на советското задушување на унгарскиот бунт. Тоа бил заеднички напор на Военото воздухопловство и Воената морнарица на САД, и разни комерцијални воздухоплови. На 1 јануари 1957 година биле релоцирани 9.700 бегалци во Соединетите Држави под команда на генерал-мајорот Џорџ Б. Дани. Дополнително на воздушниот транспорт, од 18 декември 1956 до 14 февруари 1957 година, силите на морнарицата транспортирале 8.944 бегалци од Бремерхафен во Германија до Њујорк во САД.