Оперативен систем за поддршка на безжична мрежа
Еден оперативен систем за поддршка на безжична мрежа (Wi-Fi) обично се состои од два дела: Драјвер ниво на поддршка и конфигурациско управувана поддршка.
Драјвер поддршките обично пружаат повеќе производители на чип-сетови. Исто така располагаат со Unix клонови како Linux и FreeBSD, понекогаш и со open source проекти.
Конфигурациско управувана поддршка се состои од софтвер кој набројува, придружува и проверува состојба на достапните Wi-Fi мрежи. Исто така вклучува поддршка за разни начини на шифрирање. Овие софтверски пакети најчесто го осигуруваат оперативниот систем за поддршка со стандардниот модел на драјвер.
Microsoft Windows
уредиMicrosoft Windows има сеопфатен пакет од драјвери кој поддржуваат Wi-Fi, а квалитетот зависи од произведувачот на хардверот. Произведувачите на хардвер речиси секогаш даваат драјвери со нивните производи. Windows праќа многу малку драјвери за Wi-Fi, но зависи и од производителот на оригиналната опрема (OEM) и производителот на уредот, за да бидеме сигурни дека корисникот ќе добие драјвер. Конфигурацијата и управувањето зависат од верзијата на Windows.
- Поранешните верзии на Windows, како што се 98, МЕ и 2000 немаат направено конфигурациска поддршка и управувањето зависи од софтверот на произведувачот.
- Microsoft Windows XP има вгнездено конфигурациски управувана поддршка. Оригиналната верзија на Windows XP вклучува рудиментирана поддршка која е многу подобрена во Service Pack 2. Поддршка за WPA2 и некои други сигуроносни протоколи бараат ажурирања од Microsoft. Многу производители на хардвер имаат свој софтвер и бараат корисникот да ја онеспособи Windows поддршката за Wi-Fi.
- Windows Vista и Windows 7 ја подобрија Wi-Fi поддршката од Windows XP, со подобар интерфејс и предлог да се конектирате со јавна Wi-Fi мрежа, кога нема други достапни мрежи.
Mac OS X and classic Mac OS
уредиApple е присвојувач на Wi-Fi, тие поставиле Wi-Fi мрежи на аеродромите, засновани на 802.11b стандард, во јули 1999 година. Apple подоцна воведува AirPort Extreme, имплементација на 802.11g стандард. Сите Apple компјутери, почнувајќи со оригиналниот iBook во 1999 година, или имаат вградено AirPort 802.11 вмрежување или беа специјално дизајнирани за да обезбедат 802,11 вмрежување само со додавање на внатрешна AirPort картичка во компјутерот во која е вградена антена. Сите Intel-засновани Macs или доаѓаат со вграден AirPort Extreme или слот за AirPort картичка, и сите преносни Macs (сите MacBooks и поранешните iBooks и PowerBooks)имаат вклучено Wi-Fi за неколку години. При крајот на 2006, Apple почна со испорака на Macs Broadcom Wi-Fi чипови, кои исто така го поддржа предлогот за 802.11n стандард, но оваа можност беше оневозможена и Apple не сакаше да ја прикаже на способноста на хардверот сè до некое време подоцна, кога предлогот напредуваше понатаму. Во јануари 2007 Macworld Expo, Apple објави дека нивните компјутери ќе започнат пренос со 802.11n поддршка. Системскиот пренос со една скриена можност може лесно да се отклучи преку софтверот и поради сметководствени барања на Sarbanes-Oxley, Apple не можат слободно да додадат функции на веќе продадениот хардвер и мора да номинално да продаваат надградби за околу 2$.
Open source Unix-like systems
уредиLinux, FreeBSD и слични UNIX клонови имаат многу појака поддршка за Wi-Fi. Благодарение на open source на овие оперативни системи голем број различни стандарди се развиени за конфигурирање и управување со Wi-Fi уреди.
- Linux насекаде има Wi-Fi поддршка. Универзалните драјвери за многу чипсети за Wi-Fi се на располагање, или комерцијално или без цена, а некои производители не произведуваат драјвери за Linux, туку само на Windows. Заради тоа, многу популарни чипсети или немаат универзален Linux драјвер. За овие, слободно достапно NdisWrapper и неговиот конкурент DriverLoader овозможува на Windows x86 и 64 битни варијанти NDIS драјвери, за да може да се користат на x86-засновани на Linux систем и 86_64 архитектури од 6 јануари 2005 година. Поради недостатокот на универзалните драјвери, некои Linux дистрибуции не нудат лесен кориснички интерфејс и конфигурирање на Wi-Fi, тоа може да биде комплицирана операција во споредба со конфигурирање на жични Ethernet драјвери.
- FreeBSD има Wi-Fi поддршка слична на Linux. Поддршка за FreeBSD е најдобра во 7.x верзиите, која воведе целосна поддршка за WPA и WPA2, иако во некои случаи зависи од драјверот. FreeBSD доаѓа со драјвери за многу безжични картички и чипсети, вклучувајќи ги и оние направени од страна на Atheros, Ralink, Cisco, D-Link, Netgear и многу Centrino чипсети, и дава поддршка за преку другите порти. FreeBSD, исто така има "Project Evil", која дава можност да се користи Windows x86 NDIS драјвери на x86-засновани системи FreeBSD како ndiswrapper на Linux и Windows amd64 NDIS драјверите на AMD64-засновани системи.
- NetBSD, OpenBSD и Dragonfly BSD имаат Wi-Fi поддршка сличен на FreeBSD. Код за некои од драјверите, како и кернел рамка за нивна поддршка, најчесто се дели меѓу 4 BSDs.
- Haiku има прелиминарна Wi-Fi поддршка од септември 2009 година.
- Solaris и OpenSolaris имаат проект за безжично вмрежување за да обезбедат Wi-Fi драјвери и поддршка.
- Android има вгнездено поддршка за WiFi, со тоа се претпочита над мобилната телефонска мрежа.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- Wirelessly Networking a PowerBook 1400 or Other Old Apple Laptop: Step By Step Retrieved 2007-08-31
- Move to push Wi-Fi into Linux kernel Techworld May 3, 2006. Retrieved 2007-08-31
- Jean Tourrilhes (July 25, 2007). Wireless LAN resources for Linux Архивирано на 1 јануари 2011 г. Retrieved 2007-08-31
- Driverloader for Wireless LAN Devices" Архивирано на 17 мај 2007 г. Retrieved 2008-02-08.
- Linux home networking Архивирано на 10 април 2011 г. Retrieved 2007-08-31.
- Colin Günther Архивирано на 23 јули 2011 г. September 14, 2009. Retrieved 2009-10-11
- Sun Microsystems Архивирано на 23 октомври 2005 г. March 10, 2008. Retrieved 2008-03-10