Онлајн казино
Онлајн казина, познати и како виртуелни казина или Интернет казина, се онлајн верзии на традиционалните казина. Онлајн казината им овозможуваат на играчите да играат и да се обложуваат на казино игри преку Интернет.
Некои онлајн казина имаат повисок процент на исплата за онлајн слотовите, а некои објавуваат ревизии на процентот на исплата на нивните веб страни. Доколку онлајн казиното користи соодветно програмиран генератор на случаен број, казино игрите како блек џек имаат утврдена предност на казиното. Процентот на исплата за овие игри е утврден со правилата на играта.
Видови
Врз основа на софтверот што го користат, онлајн казината се поделени во две категории: веб базирани казина и казина со преземање софтвер. Првично, секое онлајн казино би нудело само една од овие две платформи. Меѓутоа, со напредокот во технологијата, онлајн казината сега можат да ги нудат и двете платформи.
Веб-базирани казина
Веб-базирани онлајн казина (исто така познати како казина без преземање) се вебстрани каде што корисниците можат да играат казино игри без да преземаат софтвер на нивниот компјутер. Потребна е стабилна интернет конекција за да имате беспрекорно искуство додека играте бидејќи графиката, звуците и анимациите се вчитуваат преку мрежата. Повеќето онлајн казина дозволуваат да се игра преку HTML интерфејс, а претходно тоа беше овозможено преку дополнителни алатки за пребарувач, како што се Flash Player, Shockwave Player или Java.
Казина со преземање софтвер
Онлајн казина засновани на преземање се оние за кои е потребно преземање на софтвер за да може да се играат казино игрите понудени од тоа казино. Софтверот за онлајн казино се поврзува со давателот на казино услуги, без употреба на пребарувач.Онлајн казината базирани на преземање генерално работат побрзо од веб-базираните онлајн казина бидејќи графичките и звучните програми се кеширани од софтверскиот клиент, наместо да мора да се вчитаат од Интернет. Од друга страна, првичното преземање и инсталирање на софтверот на казиното бара време. Како и со секое преземање од Интернет, постои ризик програмата да содржи малициозен софтвер, што ја прави помалку популарна меѓу скептичните играчи на казино.
Игри
Виртуелни
Познати и како онлајн казино игри базирани на софтвер, исходот од овие игри се одредува со помош на софтвер за генерирање на псевдослучајни броеви (PRNG). Овој софтвер гарантира дека секое делење на картите, исходот од фрлање коцка, исходот од вртењето на слот машината или рулетот е сосема случаен и непредвидлив. PRNG користат збир на математички инструкции познати како алгоритам за да генерираат низа на броеви кои даваат впечаток на вистинска случајност. Иако ова не е исто што и вистинското генерирање на случајни број (компјутерите не се способни за ова без надворешен извор), сепак софтверот за псевдослучајни броеви ги задоволува потребите за вистинска случајност.
Казино во живо
Казино игрите со дилер во живо се сосема спротивно од игрите базирани на софтвер. Наместо да зависат од софтвер за одредување на исходот од вртењето рулет, фрлањето коцки или делењето на картите, овие игри се одвиваат во реално време. Ова е возможно затоа што игрите се пренесуваат во живо на вашиот компјутер. Имено, играта се одвива во студио кое е дизајнирано да изгледа како вистинско казино, ис ето ова се снима и пренесува во живо.
Освен тоа, компаниите кои овозможуваат игри во живо, постојано имплементираат нови функции, како што е на пример фнцкијата за чет во живо. Ова му овозможува на играчот да прати порака до дилерот, и да добие одговор вербално. Функцијата за чет во живо може да се користи и за комуникација со другите играчи кои седат на масата, следејќи ги правилата утврдени од казиното.
Трошоците за казино игрите во живо се многу повисоки и поради тоа онлајн казината најчесто нудат само неколку од најпопуларните игри, како рулет, блекџек, и бакарат.
Примери
Листа на казино игри кои се најчесто нудат во онлајн казино:
- Бакарат
- Блекџек
- Крапс
- Рулет
- Сик бо
- Слот машини
- Покер
- Кено
- Бинго
Бонуси
Многу онлајн казина нудат казино бонус за регистрација на новите играчи кои ќе извршат уплата по прв пат. Овие бонуси се всушност маркетинг стратегија на казината со дел да привлечат нови играчи кои би извршиле уплата за да го добијат бонусот, а со тоа и да извршат дополнителни уплати за да ги исполнат условите за добивње на бонусот. Овие услови кои вклучуваат обрт на уплатените пари, се поставени со цел играчот да не може едноставно да си замине со парите од казиното веднаш откако ќе го земе бонусот. Со ова, казиното се заштитува од банкротирање.
Казината може да изберат кои игри да бидат вклучени во исполнувањето на барањата за бонус, со цел да ги ограничат играчите да не играат игри во кои предноста на казиното е ниска или игри „без ризик“ (обложување на пример и црвено и црно на рулет), со што ќе го исполнат условот со загарантирана добивка откако ќе се земе предвид бонусот.
Бонус за добредојде
Казино бонусот за добредојде е бонус на првиот депозит, најчесто е 100% бонус на првиот депозит. Бонусите за добредојде понекогаш може да се и пакети кои вклучуваат бонус на првите два или три депозити (Бонус за добредојде на прв депозит, бонус за добредојде на втор депозит итн. ). Тие, исто така, можат да бидат само за одредени игри, како што е бонусот за слотови за или бонусот за игри на маса.
Поврат на средства или осигурување
Бонусите за поврат на средства или осигурување се нудат како процент од сите претходни загуби. Дополнително можете да најдете вебстрани кои нудат враќање на готовина врз основа на загубите што ги имате додека играте во едно или повеќе онлајн казина.
Бонус без депозит
Најпопуларниот казино бонус е оној што играчот може да го добие без да извржи уплата - познат како казино бонус без депозит. Овие бонуси се користат како маркетинг алатка од страна на казината кои сакаат да привлечат нови играчи. Бонусите без депозит не секогаш се во кеш, туку некогаш можат да бидат во форма на бесплатни спинови.
Принцип на работа
Како по правило, онлајн казината даваат можност да се играат истите игри на среќа како во редовните казина (рулет, покер, кено). Сепак, за време на вистинска игра, веројатноста за победа или губење зависи од многу објективни фактори: тие ја вклучуваат почетната позиција на картите, методот и интензитетот на мешањето, бројот на играчи на масата и други причини. Во онлајн казино, резултатот од играта се генерира со помош на вградена програма -генератор на случаен број.[1] Ова е дел од играта што има само една функција - постојано генерира редови од случајни броеви. Во моментот кога играчот ќе го притисне копчето „Spin“на автоматот или ќе го заврти тркалото на рулетот, програмата зема низа од броеви од RNG и ја интерпретира како резултат на рундата на играта. Однадвор се чини дека нема значајна разлика во тоа како се одредува резултатот од играта. Во двата случаи, тоа зависи од случајни фактори. Процент на исплата значи процент од вкупниот износ на пари што ќе го добие слотот од играчите во одреден временски период и потоа ќе му го плати на играчот како победа. Процентот обично се движи од 75% до околу 98%. Во основа, процентот на исплата варира во зависност од слотот и казиното.[2] Меѓутоа, во реалноста, вистинските и онлајн игрите можат да доведат до различни резултати.[3]
Закони
Законите за онлајн коцкање честопати имаат дупки што произлегуваат од брзиот развој на технологијата што го поткрепува развојот на индустријата. Некои земји, вклучително и Белгија, Канада, Финска и Шведска имаат државни монополи за коцкање и не даваат лиценци за странски оператори на казина. Според нивниот закон, само операторите лиценцирани на територијата на овие земји се сметаат за легални. Во исто време, тие не можат кривично да ги гонат странските казино оператори и да ги блокираат нивните сајтови. Играчите во овие земји не можат да бидат казнети и можат да се коцкаат на која било вебстрана до која можат да пристапат.
Обединето Кралство
Во Обединетото Кралство, Законот за коцкање од 2005 година ги регулира сите прашања во однос на онлајн коцкањето, дозволувајќи им на вебстраните за обложување преку Интернет да имаат специјална лиценца со цел да им бидат достапни на граѓаните на ОК. Во 2014 година, владата на Обединетото Кралство го донесе законот за коцкање од 2014 година, кој покрај оригиналниот закон од 2005 година, бараше од офшор операторите кои ги услужуваат играчите во ОК да добијат лиценца.
Во 2019 година, Комисијата за коцкање на Обединетото Кралство (UKGC) објави серија нови мерки кои се однесуваат на онлајн и мобилните казина за намалување на коцкањето кај малолетниците со цел да се зголеми правичноста и транспарентноста. [4] Новите мерки ќе бараат од корисниците да го потврдат својот идентитет и возраст пред да им биде дозволено да се коцкаат. [5]
Соединети Држави
Во Соединетите Држави законите на онлајн коцкање може да варирараат од држава до држава. Законот за спроведување на незаконско интернет коцкање од 2006 година (UIGEA) ја ограничува моќноста на банките и системите за плаќање да вршат трансакции со интернет-страниците за коцкање кои се незаконски според кој било федерален или државен закон. Се сметало дека Федералниот закон за трансфер ги забранува сите форми на онлајн коцкање. Меѓутоа, во декември 2011 година, Министерството за правда на Соединетите Американски Држави објави соопштение во кое појаснува дека овој закон се однесува само на сајтовите за спортско обложување, а не на онлајн казината, покер страни или лотарија, [6] [7] оставајќи ја одлуката на поединечни држави. Одредени држави како Невада, Делавер и Њу Џерси го започнаа процесот на легализација и регулирање на онлајн коцкањето.
Белешки
- ↑ „Random Number Generators Are A Crucial Portion Of Online Casino Software“. medium.com. Архивирано од изворникот на 2023-02-21. Посетено на 2023-02-21.
- ↑ „Kasína s najlepšími percentami výplat 2023“. synergycasinosk.net. Посетено на 2023-02-21.
- ↑ „Self-Reported Losses Versus Actual Losses in Online Gambling: An Empirical Study“. link.springer.com. Посетено на 2023-02-21.
- ↑ Miller, George (2019-02-11). „UKGC: New rules to make online gambling in Britain fairer and safer“.
- ↑ „New rules to make online gambling in Britain fairer and safer“. www.gamblingcommission.gov.uk. Архивирано од изворникот на 2022-04-27. Посетено на 2019-03-07.
- ↑ Vardi, Nathan. „Department Of Justice Flip-Flops On Internet Gambling“. Forbes.
- ↑ Dunstan, Roger (March 1997). „II. History of Gambling in the United States II-1“. Gambling in California. California State Library. Архивирано од изворникот на 2017-01-18.