Олег Мурајенко
Олег Мурајенко (1973 – 2002) бил сериски убиец од Казахстан одговорен за убиствата на шест жени во Петропавл помеѓу март и ноемвриво 2000 година, откако бил погрешно ослободен од затвор откако убил затвореник во 1998 година. По долги истраги и по неговото фаќање со употреба на отпечаток од прст, тој бил осуден на смрт и погубен во 2002 година.[1]
Биографија
уредиМалку се знае за потеклото на Мурајенко. Бил роден во 1973 година во Петропавл, и бил популарен меѓу девојките и жените од градот, кои го опишале како висок и убав маж, сличен на казахстански Ален Делон.[2] И покрај тоа, Мурајенко првпат бил обвинет на 17-годишна возраст, а до навршувањето на 25-годишна возраст, веќе имал три пресуди за грабеж и кражба. Додека ја отслужувал својата последна казна во затворската колонија во Новокраинка, округот Ајртау, се приклучил на затворската банда наречена „Совет на редот и законот“. Ноќта меѓу 19 и 20 ноември 1998 година, Мурајенко, заедно со уште неколку членови, нападнале група затвореници кои одбиле да се приклучат на нивната банда, претепале еден од нив до смрт, а другите тројца ги оставиле со скршеници на ребра, тибија и оштетени внатрешни органи.[2] За инцидентот била покрената кривична истрага, но поради лошо менаџирање и едвај каква било соработка со обвинителството, случајот траел две години без да се подигне никакво обвинение. Во меѓувреме, на 20 мај 1999 година, Мурајенко веќе бил ослободен од затвор и се вратил во Петропавл, каде што не многу долго потоа започнал со убиства.
На 13 март 2000, околу 2 часот по полноќ, Мурајенко наишол на жена која се враќала дома од кафулето „Мајстор и Маргарита“, каде била со неколку пријатели. Мурајенко почнал да ја дави жената со нејзината марама, а кога престанал, таа паднала на земја, а потоа ја ставил ногата на нејзиниот врат за да се увери дека е мртва. Откако ја убил, и го украл капутот од овча кожа, и скинал мало ременче од него.[1] Сепак, полицајците кои го истражувале местото на злосторството не можеле да најдат ниту еден употреблив доказ кој би покажал кој е криминалецот, освен мал делумен отпечаток од прст оставен на чантата на жената. Еден месец подоцна, во друг дел од градот, се случило уште едно убиство: откако не стапила во контакт со нејзините роднини по враќањето дома пијана од забава, било пронајдено телото на втората жртва во нејзиниот кревет, очигледно задавено со кожено ремче.[1] Како и со другата жртва, палтото и било украдено, и повторно, бидејќи немало сведоци или физички докази, инспекторите не знаеле што точно се случило ноќта на убиството. Во својата последна исповед, Мурајенко кажал дека ја сретнал жената во близина на амбуланта и и понудил да ја придружува дома. Во пијана состојба, таа се согласила и го викнала на чај.[2]
Во летните месеци, Мурајенко повторно нападнал, задавувајќи проститутка во близина на нејзиниот дом. За ова дело, таксистот кој ја оставил, накратко бил осомничен, но подоцна обезбедил веродостојно алиби. Повторно во лето, во дача надвор од Петропавл, била убиена уште една проститутка, овој пат или со нож или со секира. Според извештаите на очевидците, жената била видена како пие на различни киосци ноќта пред нејзината смрт, но никој не видел дека е придружувана или следена од никого. Во тоа време, гласините за манијак што напаѓа жени почнале да се шират низ градот, предизвикувајќи загриженост кај локалните власти, кои дотогаш сè уште не биле сигурни дали ова е дело на сериски престапник или не.[1]
Во ноември, во микро-областа Черјомушки на Петропавл, Мурајенко влегол во локална самопослуга и ја заклучил вратата. Откако го направил тоа, го прескокнал шалтерот и ја задавил касиерката. Откако го извршил грозоморното дело, извесно време седел внатре, пиел коњак и јадел бонбони. Следниот ден, во центарот на градот, провалил во друга продавница спроти полициската станица и ја убил касиерката, која требало да оди да работи некои домашни работи. Двата инциденти се случиле брзо еден по друг, но доволно за да може да избега незабележано.[1]
Апсење, судење и егзекуција
уредиНедолго по убиствата во продавницата, пензионираниот полицаец, Талгат Тугунбајев, шетајќи по улиците забележал две пијани жени и еден маж како влегуваат во локалниот хостел. Постапувајќи по инстинкт, го известил досегашниот началник на полициската управа, Нургали Уразалинов, барајќи од него да испрати ескадрила за да ги провери за секој случај. Детективите на крајот ги нашле нив тројца како имаат секс во една од собите. Еден од оперативците забележал дека една од девојките го носи целосно истиот овчи мантил како една од жртвите. Тројката била одведена во полициска управа, каде една од девојките кажала дека палтото и било подарено од пријател - Олег Мурајенко.[1]
По ова сознание, Мурајенко веднаш бил уапсен и испратен на сослушување. Во текот на процесот, тој дал спротивставени изјави за тоа како дошол во сопственост на бундата, прво тврдејќи дека е од неговиот внук, а потоа од неговиот вујко, кој наводно го добил, заедно со некои сребрени садови, од роднина на почината жена.[1] Во меѓувреме, Игор Семјонов и Олга Потороча, раководители на форензичкиот оддел, го споредиле делумниот отпечаток од прстот пронајден на чантата на првата жртва и откриле дека се совпаѓа со оној на Мурајенко.[3] Тие ја препратиле информацијата до оперативците, кои пак му кажале на Олег. Откако ја слушнал информацијата, конечно ги признал злосторствата, објаснувајќи детално како и каде ги убил.[1] И покрај тоа, кога бил изведен на судење, тој не дал целосно признание, признавајќи единствено за второто убиство. Обвинителите сепак можеле точно да ги претстават своите докази и по долго судење, Мурајенко бил прогласен за виновен и бил осуден на смрт.[2] Во 2002, бил погубен, само една година пред да биде воведен мораториумот на смртната казна во земјата, со што станал последниот познат затвореник погубен во регионот на Северен Казахстан.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Valery Mertsalov (January 19, 2018). „A slap from the crime scene“ (руски). Kazakhstanskaya Pravda.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Zaure Zhumalieva (September 17, 2020). „Oleg Murayenko - the only serial killer arrested in the late 90s was sentenced to death“ (руски). SK Week.
- ↑ 3,0 3,1 Zaure Zhumalieva (September 10, 2020). „Petropavlovtsy are afraid that after 20 years, a maniac strangler will be released“ (руски). Liter.kz.