Окрузи во Шпанија

(Пренасочено од Окрузи на Шпанија)

Извесни автономни заедници во Шпанија традиционално се делат на окрузи наречени „комарки“ (шпан. comarcas). Некои окрузи (како на пр. оние во Каталонија) имаат законски утврден статус, па дури и извесен степен на самоуправа.

Карта на окрузите во Шпанија

Во други случаи (на пр. Ла Карбаљеда) немаат формален законски статус бидејќи нивните граници соодветствуваат на географски целини како долини, речни устија, планински предели, па дури и историски региони, покраини и кралства (на пр. Љеркавонија). Ваквите окрузи се организираат во заедници (mancomunidad) што им овозможува делотворно и целисходно да раководат со нивните ресурси.

Округот Сердања е поделен помеѓу две држави, југозападната половина ѝ припаѓа на Шпанија, а североисточната на Франција.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди