Одри Елизабет Еванс (англиски: Audrey Elizabeth Evans; р. 1925 година) ― детски онколог и основоположник на неколку непрофитни организации во текот на свој живот. Таа е позната како „Мајка на невробластомата“ за нејзината работа на ова поле.

Д-р Еванс позирајќи пред Детската болница во Филаделфија

Кариера

уреди

Откако ја завршила медицинската обука во САД, се вратила во Англија за да се занимава со специјалистичка педијатрија.[1] Наскоро сфатила дека ова поле е исклучиво за мажи, а не за жени. Затоа, таа се вратила назад во Соединетите Американски Држави за да ја започне својата кариера во детска онкологија.[2]

Еванс систем за одредување на стадиумот на невробластомот

уреди
  • Прв стадиум: туморот е ограничен на органот на потекло (целосна ексцизија)[3]
  • Втор стадиум: туморот се протега надвор од органот на потекло, но не ја преминува средната линија; може да бидат вклучени регионални лимфни јазли[3]
  • Трет стадиум: туморот се протега надвор од средната линија за да навлезе во ткивата од спротивната страна
  • Четврти стадиум: далечна метастаза (на скелет, други ткива или далечни лимфни јазли)
  • Четврти стадиум С: локализиран примарен тумор кој не ја преминува средната линија, со далечинско заболување ограничено на црниот дроб, поткожните ткива и коскената срцевина, но без докази за зафатеност на коскениот кортекс

Наводи

уреди
  1. 2018 Commencement Honoree: Audrey Elizabeth Evans (англиски), Посетено на 2019-12-09
  2. Meet Dr. Audrey Evans (англиски), Посетено на 2019-12-09
  3. 3,0 3,1 „Neuroblastoma Stages and Prognostic Markers“. American Cancer Society. Посетено на 2019-12-09.