Опсада на Ван (1915)

(Пренасочено од Одбрана на Ван (1915))
Опсада на Ван
Дел од Кавкаски поход во Блискоисточен фронт
Датум 19 април – 17 мај 1915
Место Ван, Отоманско Царство
Исход отоманско повлекување
Завојувани страни
 Османлиско Царство Ерменско население
Сила
5,000 1,300[1]
Жртви и загуби
непознато 55,000 цивили[2][3]

Опсада на Ван — бунт против Отоманското Царство во обид да се спречи масакар врз ерменското население во Ванскиот вилает[4].

Позадина

уреди

Во текот на доцниот отомански период Ван бил важен центар на ерменскиот културен, социјален и економски живот. Во градот била основана печатница, во 1885 година била основана партијата Арменакен.[5]. Во времето на Ерменскиот масакар (1895-1896) биле убиени над 20.000 Ерменци.

По започнувањето на Првата светска војна градот Ван имал ерменско население од околу 30,000 луѓе[6]. Од почетокот на Првата светска војна на 1914-1918 во вилаетот биле организирани масакри врз ерменското население. По поразот на турските сили на Кавкаскиот фронт започнало нивно повлекување и како одговорни за поразот ги прогласиле Ерменците поради нивните симпатии кон рускиот народ и нивната поткрепа[7].

Вилаетот бил неколку недели во хаос, биле ограбувани и опожарувани голем број на села. Поради овие настани Ерменците од Ван презеле мерки за одбрана од очекуваниот турски напад а за водење на одбраната била формирана воена власт. За одбраната било мобилизирано голем дел од населението кое било задолжено да обезбеди пренос на производи, здравствена заштита, била формирена т.н. Унија на жени кои се занимавале со правење облека за војниците. Османлиската армија од своја страна броела 12,000 војници а ванските бранители околу 1,500 луѓе.

Опсада

уреди

Опсадата односно нападите траеле еден месец и во нападите загинале околу 55,000 Ерменци во целиот вилает. Турските сили кон средината на мај 1915 година морале да се повлечат поради доаѓање на руската армија кон градот.

Наводи

уреди
  1. Richard G. Hovannisian, The Armenian People from Ancient to Modern Times, Vol II Foreign Dominion to Statehood: The Fifteenth Century to the Twentieth Century, Palgrave, 1997, ISBN 978-0-312-10169-5, p 251.
  2. Morgenthau, Henry. "The "Revolution" at Van". Ambassador Morgenthau's Story. Doubleday, Page & Company, 1918, p. 227
  3. Balakian, Peter. The Burning Tigris: The Armenian Genocide and America's Response. HarperCollins. 2004, p. 207
  4. Balakian, Peter. The Burning Tigris: The Armenian Genocide and America's Response. HarperCollins. 2004, p. 208
  5. Yves Ternon, The Armenians: History of a Genocide, Caravan Books, 1990, ISBN 978-0-88206-508-3, [се бара страница].
  6. Hines, Walter (1919). " The World's Work. Doubleday, Page & Company. in page 106
  7. Balakian, Peter. The Burning Tigris: The Armenian Genocide and America's Response. HarperCollins. 2004, p. 200