Одалан
Одалан ― селски храмовен фестивал во Бали, Индонезија. Тоа е прилика кога хиндуската селската заедница се собира, ги повикува боговите да ги посетат три или повеќе дена, заедно извршуваат верски служби нудејќи освежување и забава. Тоа е периодичен настан, кој го слави балиското хиндуистичко наследство и изведувачки уметности.[1][2] Прославите во Одалан се општествен настан меѓу индонезиските хиндуси и историски придонесле за богатата традиција на театарски и балиски танцови облици.[3]
Одалан го означува основањето на одреден хиндуистички храм и се слави на неговиот роденден според Павукон - балискиот календар од 210 дена.[3] Бидејќи Бали има илјадници хиндуистички храмови, со најмалку три во секое село, неколку Одалани се слават во некој дел од Бали речиси секојдневно од Грегоријанскиот календар. Обредите на прославата се нарекуваат Дева Јадња (санскритски: Дева Јаџна), вклучува поворки, украси на селскиот храм, забава и танцување во дворот на храмот, селската заедница ги собира своите ресурси и ги набудува заедно.[4][5]
Одалан во неколку големи храмови, како што е Пура Бесаки - најголемиот хиндуистички храм на Бали, има голема културна важност надвор од неговата местоположба. Тоа е настан ширум островот и затоа се слави со големи подготовки еднаш на 100 балиски години.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Jane Belo (1953), Bali: Temple Festival, Monograph 22, American Ethnological Society, University of Washington Press, pages 3-4
- ↑ Jennifer C. Post (2013). Ethnomusicology: A Contemporary Reader. Routledge. стр. 62–63. ISBN 978-1-136-08954-1.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Dibia, I Wayan (1985). „Odalan of Hindu Bali: A Religious Festival, a Social Occasion, and a Theatrical Event“. Asian Theatre Journal. University of Hawai'i Press. 2 (1): 61–65. doi:10.2307/1124507.
- ↑ Hillary Rodigues (2015), Balinese Hinduism Архивирано на 2 јули 2020 г., Mahavidya Series: Hinduism in Indonesia, University of Lethbridge
- ↑ Hildred Geertz (2004). The Life of a Balinese Temple: Artistry, Imagination, and History in a Peasant Village. University of Hawaii Press. стр. 27–28, 41–56. ISBN 978-0-8248-2533-1.