Објект на Стопанска банка (Битола)

Објект на Стопанска банка — зградата била изградена во доцниот 19 век во Битола и служела како Отоманска банка[1].

Објект на Стопанска банка
Објектот како Француско-српска банка по бомбардирањата во Првата светска војна, јануари 1917

Историја

уреди

Како Отоманска банка била користена до 1912 г. По Првата светска војна станала француско-српска банка, а во текот на Втората светска војна Земјоделска Банка.

По ослободувањето во објектот одреден период била печатницата “Киро Дандаро”, а подоцна била адаптирана како “Стопанска банка ”, односно зградата ја добила истата функција која првобитно ја имала а ја има и денес[2].

Стилски и архитектонски одлики

уреди

Стилските елементи му припаѓаат на француските сецесионистички фасадни елементи и стил кои биле карактеристични со богато украсувани елементи и релјефи на стилизирана флора распоредена на сите делови на фасадата.

Покрај украсите изведени во гипсена штукатура и капители од теракота зградата има и богата декорација на фасадата поврзана со ковано железо во деловите на прозорците, терасата, портата на која е монтирано и стакло, поделено на повеќе површини во вид на монохроматски витраж.

Објектот е еден од најубавите примери на архитектура во градот Битола, а и во Македонија како одраз и пример на европско влијание и европски архитектонски еклектицизам.

Во проектанската архитектонска целина присутни се хармонично споени и синтетизирани ренесансни и барокни елементи. Портата на Отоманската Банка го има приматот за најубаво украсена и стилски компонирана порта во градот Битола[3].

Во 2002 година целосно се обновени сите оштетени декоративни елементи на фасадата и е извршено конзерваторско освежување под раководство на Народен музеј - Битола.

Наводи

уреди