Образовни политики и иницијативи на Европската унија

Образовни политики и иницијативи на Европската унија

уреди

Во Европската унија образованието е одговорност на земјите-членки.Институциите на Европската унија имаат улога на поддршка.Според член 165 од договорот за функционирање на Европската унија,заедницата „треба да придонесе за развој на квалитетно образование со тоа што ќе ја охрабри соработката меѓу земјите-членки“,преку дела како што се:промовирање на подвижноста на граѓаните,создавање на студиски програми за приклучување,основање на мрежи,размена на информации за предавање на јазици од Европската унија.Договорот исто така содржи обврзаност да се промовира доживотното учење на сите граѓани на Унијата.

ЕУ исто така основа образовна програма,стручна програма и програма за градење граѓанство,кои ги охрабруваат граѓаните на ЕУ да ги скористат можностите кои им ги нуди ЕУ на своите граѓани:да живеат, да учат и работат во други земји.Најпозната од нив е програмата Еразмо,преку која повеќе од 2 000 000 студенти учествуваа во универзитетска размена и подвижност во последните 20 години.Свесни за важноста на образованието и обуката за нивните економски и социјални цели, од 2000г. земјите-членки на ЕУ почнаа да работат заедно за да ги постигнат 13те специфични цели од полето на образованието.Ова е познато како Програма за образование и обука 2010г.Преку споделување на примери на добра политичка практика,со учествување во активности за меѓусебно учење,преку поставување на пример и следење на напредокот против клучните индикатори,27те земји-членки се стремат соодветно да одговорат на секојдневните предизвици, а сепак да го сочува нивниот поединечен суверенитет во полето на образовната политика.Европската унија е исто така партнер во повеќе меѓувладини проекти,меѓу кои е и Болоњскиот договор,чија цел е да создаде област на европско високо образование со тоа што ќе ги усогласи структурите и стандардите на академски степен како и стандардите за обезбедување на квалитет на земјите-членки на ЕУ и други европски земји.

===Градење на Европа на знаење===

Европската унија ја усвои својата прва програма за високо образование(програмата „COMETT“,создадена да го поттикне контактот и размената меѓу универзитетите и индустријата) во јули 1987г. Набрзо по оваа програма следеше програмата Еразмо,која промовираше меѓууниверзитетски контакти и соработка,како и реална студентска подвижност(како што во 2009г. тоа го правеше програмата „Младите за Европа“,првиот план за поддршка на размена на млади во ЕУ).Овие програми беа прифатени од земјите-членки на ЕУ но со голема поддршка од Европскиот парламент кој направи буџетите да бидат достапни уште пред да бидат усвоени легалните инструменти.

Европската унија има два различни вида на инструменти за да го зголеми квалитетот и отвореноста на системите за образование и обука на земјите-членки на ЕУ:збир на политички инструменти преку кои земјите-членки на ЕУ се охрабруваат да ги развијат нивните образовни системи и да учат од успехот на другите и реална програма за поддршка на размена,мрежи и взаемно учење меѓу училиштата, универзитетите или центрите за обука,како и меѓу политичките власти одговорни за овие области во различните земји-членки.

Образовна политика и политика за обука

уреди

Интересот на Европската унија за образовната политика (што е спротивно на образовните програми) кој се разви по самитот во Лисабон во март 2000г., каде претседателите и премиерите на земјите-членки на ЕУ побараа од министрите за образование во ЕУ да размислат за „конкретни цели“ во образовните системи со цел да се подобрат.Европската комисија и земјите-членки на ЕУ работеа заедно на пролетниот извештај од 2001г. за Европскиот совет,а во 2002г. Пролетниот самит ја одобри нивната програма за заедничка работа,покажувајќи како тие предложиле да се проследат препораките за извештајот.Од тогаш тие обавуваа серија на „заеднички извештаи“ секоја следна година.

Комисијата на многу начини се стреми да ги охрабри земјите-членки да го подобрат квалитетот на нивните системи за образование и обука:преку процес на поставување цели и објавување на позицијата на земјите-членки според тоа во колкава мера ги постигнале целите и со стимулирање на дебата, на теми од заеднички интерес.Ова го прави користејќи го процесот познат како „Отворен метод на координација“.

Поставување на цели

уреди

Во однос на поставувањето на цели,земјите-членки на 5 мај 2003г. во Советот се согласија на серија „референтни нивоа на европската просечна изведба во образованието и обуката(репер)“ според кои ќе се проценуваат нивните системи.Според тоа во 2010г. се бара следново:

•да нема повеќе од 10% од учениците кои го предвремено го напуштиле задолжителното образование.

•Треба да се зголеми бројот на дипломци на факултетите за математика,наука и технологија за најмалку 15%, а исто така треба да се зголеми бројот на женски лица кои ќе дипломираат на тие факултети.

•Најмалку 85% на малдите на 22 годишна возраст да го имаат завршено високото образование.

•Процентот на млади на 15 годишна возраст кои имаат ниски постигнувања во читање литература,како што е проценето во првото ниво на програмата за меѓународна проценка на учениците „OECD“ ,треба да се намали за најмалку 20% во споредба со 2000г.

•Учеството на лица од 25-65 години во доживотното учење(односно продолжување со образование и обука вклучувајќи развивање на вештините во компаниите во кои работат) не треба да биде помало од 12.5% годишно.

Политички дискусии

уреди

Во прилог на мерењето на напредокот,Комисијата исто така објавува политички документи направени да ги охрабрат земјите-членки на ЕУ, да погледнат од блиску кон одредени области од нивната образовна политика и политика за обука.Комисијата објавуваше такви документи во текот на многу години, но сè до самито во Лисабон во март 2000г. многу малку од нив беа проследени од широката јавност. Од тогаш,сепак,земјите-членки станаа поотворени за заедничка размена и учење,а бројни документи од Комисијата имаа значајно влијание. Неодамнешен пример(кон крајот на 2006г.) може да се најде во известувањето за „ефикасни и праведни системи за образование и обука“. Генерално документот беше поздравен од земјите-членки но наиде на критики од страна на некои од нив (особено од Германија и Австрија) кои сметаа дека тој зборува лошо за нивните системи за образование и обука.

===Вмрежување===

Конечно, Комисијата поддржа голем број од системите за вмрежување меѓу министрите (и министерствата) во земјите-членки на ЕУ,во прилог на трите први средби на Советот за образование во институционалниот систем на ЕУ.Оваа низа на биенални средби на министерствата одговорни за стручното образование и обука (Копенхашкиот процес),преку редовни средби меѓу генералните директори за високо образование или за стручно образование и обука работат на поспецијализирани мрежи или „локални групи“ во рамките на „Програмата за образование и обука 2010г.“ во области како: клучни способности,учење странски јазици или признавање на неформални квалификации.

Програми за образование и обука

уреди

Во ЕУ

уреди

Првата програма за размена на ЕУ беше програмата „COMETT“, наменета за врски и размена меѓу индустријата и универзитетите која започнала во 1987г.(а завршила во 1995г.).Истата година наменета за размена на студенти Еразмо.Од тогаш започнале и многу слични програми, а од 2007г. сите програми за образование и обука беа споени во една единствена програма,„Програмата за доживотно учење 2007г.-2013г.“.Програмата за доживотно учење вклучува посебни подпрограми за: училишта,универзитети и високо образование,стручно образование и обука,образование за возрасни,предавања за ЕУ на универзитетите и „хоризонтална“ програма за политички развој.

Програмата за размена на ученици,именувана според чешкиот професор од 15 век,научникот и едукатор Џон Амос Каменус,им помогна на повеќе од 2,5 милиони ученици да бидат дел од меѓународни заеднички проекти.Програмата Еразмо (именувана според Дезидериус Еразмо,холандски хуманист и теолог од 16 век)беше симбол на програмите за размена на студенти уште откако започна во 1987г.Околу 2 милиони студенти досега преку оваа програма поминале целосно акредитиран период од 3месеци до една академска година во некој од универзитетите во ЕУ,што стана симбол за Европа во универзитетите.

Програмата за стручно образование и наука е именувана според ренесансниот творец и сестран шовек Леонардо да Винчи. Денес таа им помага на околу 75 000 млади луѓе секоја година да научат занает или да стекнат стаж во друга земја на ЕУ. Програмата за образование на возрасни,која е именувана според пастирот Николај Грундвиг,дански теолог,поет,филозоф и мислител од 19 век,им помага на возрасните кои учествуваат во неа да имаат пристап до слично меѓународно искуство. Подпрограмата која ги поддржува предавањата за Европа во високото образование е именувана според француски политичар и архитркт од Европската заедница,Жан Моне.

Програмата стапи на сила на 1 јануари и ќе продолжи сè додека и последните проекти кои ќе започнат во 2013г. не завршат,веројатно во 2016г.

 ===Надвор од ЕУ===

Првата програма на ЕУ за промовирање на размена на ученици и соработка меѓу образовните институции во ЕУ и надвор од неа беше програмата Темпус.Таа беше усвоена на 7 мај 1990г. од Советот,како дел од помошта од страна на Европската заедница,на денот на кој земјите слободно го прекршија советското правило.

Идејата на Темпус беше дека поединечните универзитети во Европската заедница можат да придонесат во процесот на повторно создавање на ефикасни универзитетски системи во партнерските земји и дека процесот на повторно создавање преку партнерствата меѓу поединечните универзитети во овие земји,ќе создаде противтежа на влијанието на многу помалку доверливите министерства,од кои многу малку до тогаш направиле сериозни промени,уште од времето на советската доминација. Оваа програма веднаш стана успешна и до 1993г. бројот на земји-учеснички порасна од почетни 5 на 11.Подоцна програмата беше проширена вклучувајќи ги и новите независни држави од Советскиот Сојуз,повторно вклучувајќи ги земјите од западен Балкан,а конечно ги опфати и средоземните земји.

Програмата Темпус денес поддржува проекти предводени од конзорциумот на универзитети во ЕУ и партнерските земји кои се стремат да ги обноват наставните програми и методите на предавање, да го подобрат академското управување(на пр.развој на:стратешко планирање,системи на проценување и осигурување) и ги промовира приоритетите на високото образование во партнерските земји.Таа исто така обезбедува поединечни мобилни неповратни кредити да овозможи поединечни лица да патуваат кон или од Европа за овие цели. Програмата Темпус е сè уште активна,но ќе биде обновувана и прегледувана како од 2007г.

По Темпус следеше серија на помали програми насочени повеќе кон подвижноста на академските граѓани кон ЕУ.Тука се вклучени програмите „ALFA/ALBAN“ кај Латиноамериканските универзитети,програмата „Азија-Линк“ и други програми,понекогаш временски ограничени.Некои од овие програми повеќе наликуваат на средства за развојна помош отколку на развој на универзитети.Таквиот впрчаток е зајакнат со фактот дека со нив управува службата за развојна помош на Европската комисија,наместо нејзиниот оддел за образование и култура(како што е случај со програмите Темпус и Еразмо Мундус).

Конечно во 2003г. Европската унија ја започна програмата Еразмо Мундус,да ги привлече најдобрите студенти во светот во Европа и да обезбеди партнерство меѓу европските универзитети и универзитетите во другите земји,проект кој ќе го обезбеди местото на европските универзитети како центри на извонредноста ширум светот.Програмата имаше силна поддршка и од Советот на министри и од Европскиот парламент.Првата фаза на Еразмо Мундус ќе заврши во 2008г.Комисијата ја објави нивната намера да предложи дополнителен период.