Нурпаши Кулаев
Нурпаши Кулаев (роден на 29 октомври 1980) е сметан за единствениот преживеан чеченски терорист, кој е одговорен за терористичкиот акт во училиштето во Беслан, во текот на септември 2004 година.
Нурпаши Кулаев | |
---|---|
Битки/војни | Терористички напад во Беслан |
Кулаев е роден во 1980 година, и по професија е двроделец. Неговиот брат е Ханпаши Кулаев, телохранител на чеченскиот терорист Шамил Басаев, кој исто така учествувал во нападот над училиштето. На денот на нападот на руските безбедносни сили, Кулаев се обидел да побегне претставувајќи се како заложник и се скрил под еден камион.
Во 2006 година бил осуден на смрт, но казната веднаш била заменета со доживотна робија. Врховниот суд на Северна Осетија ја преименува лаказната, бидејќи во Русија пред неколку години бил воведен мораториум на смртна казна. Смртна казна била побарана од страна на државниот обвинител, бидејќи во текот на истрагата се докажа дека тој пукал од „калашников“ и малтретирал заложници во училишната фискултурна сала. Од почетокот на септември 2004 година, кога бил уапсен недалеку од училиштето во кое тој и поголема група терористи направиле масакр, Нурпаши Кулаев постојано повторувал дека тој не убил никого и дека цело време пукал само во воздух. Кулаев успеал да излезе од зградата и да се скрие под воен камион. Меѓутоа, бил откриен и наредниот ден прикажан пред телевизиските камери. Очевидците кои биле заложници во училиштето изјавиле дека се сеќаваат дека Кулаев мавтал со „калашников“, им се заканувал дури и на децата дека сите ќе ги убие.