Носал
Носал — огранка на планинскиот масив Татри во јужниот дел на Полска. Нејзината најголема надморска височина изнесува 1206 метри. Се наоѓа во близина на познатото полско туристичко гратче и скијалиште Закопане. Претставува доста посетувано туристичко место, особено познато по скијањето и зимските спортови.