Новојасеневскаја (Московско метро)

Новојасеневскаја (руски: Новоясеневская) — станица на московското метро во Јасенево, Москва, Русија. Се наоѓа на линијата Калужско-Рижскаја и служи како нејзин јужен крај.

Новојасеневскаја

Новоя́сеневская
Општи информации
МестоЈасенево
Југозападен административен округ
Москва
 Русија
СопственикМосковски Метрополитен
ЛинииЛинија Калужско-Рижскаја (Московско метро) Калужско-Рижскаја
Перони1
Колосеци2
Поврзана соЛинија Бутовскаја (Московско метро) Бицевски Парк
Автобус: 262, 648, 651
Тролејбус: 81
Објект
Длабочина7 метри
Нивоа на пероните1
Паркингне
Пристап за инвалидида
АрхитектН. И. Шумаков, Г. С. Мун и Н. В. Шуригина
Други информации
Код на станицата109
Историја
Отворена17 јануари 1990

Историја

уреди

Станицата била дизајнирана од архитектите Н. Шумаков, Г. Мун и Н. Шуригина. Ѕидовите и столбовите на станицата Новојасеневскаја се изградени од розов мермер и темнозелен металик.

Станицата првично била именувана како Бицевски Парк поради блискиот парк Бица. На 3 јуни 2008 година, градската управа издала декрет за преименување на станицата во Новојасеневскаја на 1 јуни 2009 година. Московското метро добило едногодишен преоден период за да ја изврши промената. Новото име ја одразува локацијата на станицата во округот Јасеново долж улица Новојасеневскаја. Причината за промената била тоа што градот сакал да го пренесе името на Бицевски Парк на станицата на линијата Бутовскаја.[1]

Наводи

уреди
  1. „Какие станции московского метро были переименованы и почему?“. AiF (руски). 2014-04-10. Посетено на 2023-08-06.