Никола Јоргиќ
Никола Јоргиќ (1946 година, Добој, Босна и Херцеговина – 8 јуни 2014 година, Германија), бил босански Србин од регионот на Добој каде бил војник на паравоената формација која оперирала во неговиот роден крај.[1] На 26 септември 1997 година, тој бил осуден за геноцид во Германија. Ова била првата пресуда донесена против учесниците во босанскиот геноцид. Јоргиќ бил осуден на четирикратен доживотен затвор за неговата вмешаност во геноцидите во Босна.
Заднина
уредиСудот во Германија открил дека паравоената група учествувала во терористички активности на владата на Србите во Босна. Јоргиќ, кој бил жител на Германија од мај 1969 година до 1992 година, бил одговорен за повеќе кривични дела. Меѓу неговите акции бил масакрот во Грабска, каде 22 селани - вклучувајќи и стари лица и инвалиди - биле погубени пред остатокот од селаните да бидат протерани. Тој, исто така, се смета за одговорен за смртта на седум селани во Шеварлија. Неговата жалба била одбиена од страна на германскиот сојузен врховен суд на 30 април 1999 година.[2]
На 12 јули 2007 година, Европскиот суд за човекови права ја поништил неговата жалба.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Federal High Court of Germany: Translation of Press Release into English Nr. 39 on 30 April 1999: Federal High Court makes basic ruling on genocide“.
- ↑ „Nikola Jorgić profile at“. nytimes.com. 27 September 1997. Посетено на 5 August 2015.
- ↑ Jorgić v.