Никогаш ништо не се случува
„Никогаш ништо не се случува“ (шпански: Nunca pasa nada) — шпанско-француски филм од 1963 година во режија на Хуан Антонио Бардем (Juan Antonio Bardem), кој е автор и на сценариото, заедно со Анри-Франсоа Реј (Henry-François Rey) и Алфосно Састре (Alfonso Sastre). Главните улоги ги играат: Корин Маршан (Corinne Marchand), Антонио Касас (Antonio Casas) и Жан-Пјер Касел (Jean-Pierre Cassel).[1]
Синопсис
уредиЕдна француска кабаретска група се сместува во мал шпански град. Кога ќе се разболи една од членките на кабарето, другите ја оставаат во градот. Таа, млада, згодна и слободна, за кратко време внесува немир во местото...