Не оди Сефер село Карбуница
„Не оди Сефер село Карбуница“ — македонска народна песна. Песната е посветена на некојси Сефер-ага на кого му забранувале да оди во село Карбуница, Кичевско, бидејќи таму имало комити и дека таму ќе го убијат. Песната е од ајдутски карактер.
„Не оди Сефер село Карбуница“ | |
---|---|
Песна | |
Јазик | македонски |
Жанр | македонска народна музика |
Должина | 4:46 (Билјан Стојаноски) |
Композитор(и) | непознат, со разни современи аранжмани |
Текст
уреди-Нели ти реков, седи не оди,
седи не оди, село Карбуница?
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.
Не оди Сефер село Карбуница,
село Карбуница, горе Ѓурчевица.
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.
Таму ми те чекаат славните комити,
славните комити, сè од збор јунаци.
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.
Тебе ќе фатат, глава ќе ти сечат,
глава ќе ти сечат арамиска.
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.
Ќе ти пресечат глава до рамена,
глава до рамена, нозе до колена.
Бре Сефер, аго бре,
бре, клето Турче, бре.
Бре Сефер, аго бре,
бре клети арамија.
Надворешни врски
уреди- Не оди Сефер село Карбуница (текст и музика) на pesna.org Архивирано на 23 јули 2018 г.