Несвесност е состојба на бесвест, односно менталната состојба која вклучува целосен или речиси целосен недостиг на одговори (реакции) кон луѓето и други стимули во животната средина[1]. Состојбата на кома е еден вид на несвесност. Несвестица поради опаѓање на крвниот притисок и намалување на снабдувањето на мозокот со кислород спаѓаат во привремено губење на свеста.

Несвесност

Губењето на свест не смее да се меша со променети состојби на свеста, како делириум (кога лицето е збунето и само делумно одговара на стимулите од животната средина), нормално спиење, хипноза, и други променети состојби во кои личноста реагира на стимули.

Губење на свеста не треба да се меша со поимот на несвесните психоаналитички или когнитивни процеси (на пример, имплицитни препознавања) што се случуваат надвор од свеста.

Губење на свеста може да настане како резултат на трауматски повреди на мозокот, мозочна хипоксија (на пример, поради мозочен или срцев удар), тешко труење со лекови кои ја намалуваат активноста на централниот нервен систем (на пример, алкохол и други хипнотични лекови или седативи), тежок замор, и други причини.

Закон и медицина

уреди

Во правните науки, состојбата на несвесност може да му даде право на обвинетиот за кривично дело да се брани по автоматизам, оправдана состојба која му овозможува на обвинетиот да тврди дека не треба да биде повикан на кривична одговорност за своите постапки или пропусти. Во повеќето земји, судовите мора првин да разгледаат дали несвесноста во некоја ситуација може да биде прифатена како одбрана и тоа може да варира од случај до случај. Оттука, епилептичните напади, невролошките дисфункции и одњето во сон (месечарење) може да се сметаат за прифатливи оправдувачки услови, бидејќи губењето на контрола не е предвидливо, но заспивањето (особено при возење или во текот на сите други активности критични за безбедноста) не може да биде оправдано бидејќи природен сон ретко совладува нормална личност без предупредување.

Во многу земји се смета дека некој кој не е целосно свесен не може да даде согласност за нешто. Ова може да биде важно во случаи на сексуални активности, евтаназија или пациенти кои даваат согласност во однос на започнување или запирање на лекување.

Законите во некои земји бараат прво брзата помош или болничарот да добијат согласност од повредениот човек кој е свесен, пред тие да започнат со грижата за пациентот. Во повеќето случаи каде што повреденото лице се смета за несвесно, првин се обезбедува согласност по што службата за итни случаи може слободно да му обезбеди помош.

Наводи

уреди
  1. „MeSH Browser“. www.nlm.nih.gov. Посетено на 18 March 2018.