Несвесен ум

(Пренасочено од Несвен ум)

Несвеснен ум или несвесно — процесите кои автоматски се одвиваат во умот и не се достапни за самоиспитување, вклучува и мисловни процеси, спомени, влијание и мотивација. Несвесното содржи мисли, спомени и желби кои се наоѓаат под површината на свесноста но сè уште имаат големо влијание врз однесувањето. Терминот бил создаден од германскиот филозоф од времето на романтизмот Фридрих Шелинг, а поетот и есеист Семјуел Тејлор Колериџ го внел во англискиот јазик. Австријскиот невролог Сигмунд Фројд го развил и популаризирал овој концепт. Емпириските докази предлагаат дека феноменот за несвесното вклучува поттиснати чувства, автоматски вештини, потсвесни перцепции, мисли, навики и автоматски реакции, а исто така можно е и да вклучува комплекси, скриени стравови и желби. Според психоаналитичката теорија, несвесните процеси се изразуваат во соништата во симболична форма, како и во лапсусите и шегите. Според ова, енсвесниот ум може да се гледа како: изворот на соништа и автоматски мисли (оние кои се појавуваат без видлива причина), складиштето на заборавените спомени (кои можеби се достапни за свесното во некој друг момент), и фокусот на имплицираното знаење ( нештата кои сме ги научиле толку добро што ги правиме без да размислуваме).

Претстава на психата во облик на санта мраз.

Се расправало дека врз свесноста влијаат други делови од умот. Тука спаѓаат: несвесноста како лична навика, да се биде несвесен и интуицијата. Термини кои се поврзани со полусвесноста се : будење, имплицирано памтење, подсвесни пораки, занеси, хипноза и хипногогија( премин од будност кон спиење и обратно). Од друга страна пак термините: сон, месечарење, сонување, делириум и кома можат да се поврзат со присуството на несвесни процеси кои не се самиот несвесен ум туку само негови симптоми. Некои критичари се сомневале во постоењето на несвесното.

Историски преглед

уреди

Терминот “ несвесен ум ” бил создаден од страна на германскиот филозоф од времето на романтизмот во 18 век Фридрих Шелинг и подоцна внесен во англискиот јазик од страна на поетот и есеист Семјуел Тејлор Колериџ.

Разјаснувањето на идејата за несвесното, односно нешто што активно се негира во свеста, со јазични конструкции е процес кој луѓето го испитувале и врз кој влијаеле цел милениум. На пример, како примитивни идеи за влијанијата врз размислувањето кои се наоѓаат надвор од свеста на човекот се сметале искушенијата, божествената инспирација, а и доминантната улога на боговите кои влијаеле врз мотивите и дејствијата на луѓето. Идејата за интернализирањето на процесите во умот исто така се појавила во антиката и се испитувала во голем број култури. Несвесните аспекти на менталитетот биле наведени во Хинду текстовите познати како Ведрас во периодот 2500-600 година п.н.е. , а денес се застапени во Ајурведската медициа.

Парацелсус бил првиот кој го спомнал концептот за несвесното во своето дело “ За болестите ” , и неговата клиничка методологија денеска се смета за почетокот на модерната научна психологија. Вилијам Шекспир ја испитувал улогата на несвесното во голем број од своите претстави, не именувајќи го како таков концепт. И филозофите од Западот како Барух Спиноза, Готфрид Лајбниц, Артур Шопенхауер, Јохан Фишт, Хегел, Киркегард и Ниче, создале погледи на умот кои ги предвиделе теориите на Фројд. Психологот Жак Вон Рилаер посочил дека “ Фројд не го открил несвесното. ” Во 1890 година, кога психоанализата сè уште не била откриена, Влијам Џејмс во својата монументална расправа за психологија испитал како Шопенхауер, вон Хартман, Џенет Бинет и други психолози ги користеле термините “ несвесно ” и “ подсвесно ”. Историчарот на психологијата Марк Алтшул забележал дека, “ Тешко е, а можеби невозможно, да се пронајде психолог или психијатар од 19 век кој не го признавал несвесното како вистински концепт а и како концепт со најголемо значење. ”

Погледите на Фројд за несвесното

уреди

Фројд често визуелно ја претставувал својата теорија со санта лед која го претставувала умот и како тој несвесно функционира. Фројд и неговите следбеници создале концепт за несвесниот ум. Ова има важна улога во психоанализата.

Фројд го засновал својот концепт за несвесното на многу набљудувања кои ги правел на секојдневните активности. На пример, тој сметал дека лапсусите се поврзани со несвесното поради тоа што тие често ги искажувале вистинските чувства на личноста во врска со темата на разговор. На пример , во реченицата “ Одлучив да посетувам летна клетва ” , соговорникот случајно го користи зборот клетва наместо курс поради тоа што не се баш воодушевени од оваа случка. Тој исто така забележал дека соништата на неговите пациенти искажуваат многу важни чувства за кои тие не се свесни. По овие набљудувања, тој заклучил дека психолошките пореметувања во голема мера се предизвикуваат поради лични конфликти кои се случуваат на ниво на несвесното. Неговата психоаналитичка теорија ги објаснува карактерот, мотивацијата и психичките нарушувања фокусирајќи се на одредените несвесни однесувања.

Фројд го поделил умот на свесен ум(или его) и несвесен ум. Првиот подоцна го поделил на Ид(инстинкти и нагони) и Суперего(совеста). Според оваа теорија, несвесното се однесува на психички процеси за кои поединците не се свесни. Фројд предложил вертикална и хиерархиска градба на човечката свест : свесниот ум, предсвесното и несвесниот ум – секое наоѓајќи се под претходното. Тој верувал дека значајните психички настани се одвиваат под површината на несвесниот ум како скриени пораки од несвесното. Тој ги опишувал ваквите настани како настани со симболичко и со вистинско значење.

Во рамките на психоанализата, несвесното не се однесува на сè што е несвесно, туку на она што е активно потиснато од свесното размислување односно тоа што и создава одбивност на личноста. Фројд го гледал несвесното како складиште на општествено неприфатливи идеи, желби или нагони, трауматични спомени и болни чувства кои излегле од свесното преку механизмот на психолошка репресија. Сепак, содржините не биле секогаш само негативни. Според психоанализата, несвесното е сила која може да се препознае само преку нејзините влијанија – таа се изразува преку симптомите. Во некоја смисла, ова мислење го претставува свесното како противник на несвесното, борејќи се да го сокрие несвесното. Несвесните мисли не можат директно да се подложат на самоиспитување, но можат да се “ снимат ” и “ толкуваат ” со посебни методи и техники како медитацијата, слободно здружување (метод кој многу го користел Фројд), толкување на соништата, лапсуси ( општопознати како Фројдовски лапсус), кои се испитуваат и спроведуваат за време на психоанализата. Гледајќи ги овие несвесни мисли како криптирани ( шифрирани), психоаналитичарите се нарекуваат експерти за дешифрирање на нивните пораки. Фројд подоцна ја искористил неговата идеја за несвесното за да објасни одделни видови на невротични однесувања. Сепак , Фројдовата теорија за несвесното била суштински изменета од страна на некои негови следбеници меѓу кои и Карл Јунг и Жак Лакан.

Погледите на Јунг за несвесното

уреди

Карл Густав Јунг кој бил швајцарски психијатар го развил овој концепт понатаму. Тој се согласил со Фројд дека несвесното го одредува карактерот, но предложил дека несвесното треба да биде поделено на две нивоа: лично несвесно и колективно несвесно. Личното несвесно е резервоар на материјал кој еднаш бил свесен но е заборавен или потиснат, многу слично на типичното мислење на Фројд. Од друга страна, колективното несвесно е најдлабокото ниво на психата, сочинето од насобраните наследени психички структури и архетипни искуства. Според ова колективното несвесно е наследено и содржи материјал од цели видови а не од поединец.

И во поглед на структурата на несвесното, Јунг се разликувал од Фројд со тоа што тој не верувал дека сексуалноста е во основата на сите несвесни потреби. Според Јунг, секоја личност го дели колективното несвесно со целата човечка раса, велејќи дека: “ целото духовно наследство на еволуцијата на човештвото се раѓа одново во мозочната структура.” Тој ги нарекол овие прадедовски спомени архетипови. Јунг не ги опишувал архетиповите како спомени туку како слики со универзални значења кои се очигледни во употребата на симболите во културата.

Полемики

уреди

Идејата дека несвесниот ум постои била целосно оспорена. Франц Брентано го одбил концептот за несвесното во неговата книга издадена во 1874 година “ Психологијата од емпириска гледна точка ” иако неговото одбивање во голема мера произлегувало од неговите дефиниции на свесното и несвесното.

Жан Пол Сартр ја критикува теоријата на Фројд за несвесното во “ Благосостојба и ништожност ” која се заснова на тоа дека свесноста е во суштина самосвесна. Сартр исто така расправа дека Фројдовата теорија за репресијата има внатрешни недостатоци. Филозофот Томас Болдвин укажува дека аргументот на Сартр е поради неговата неможност да го разбере Фројд.

Ерик Фром тврди дека “ Терминот “ несвесно ” е всушност мистификација.( иако некој може да го користи за своја погодност, како што сум јас виновен за пишување на овие страници). Не постои такво нешто како несвесното; постојат само искуства за кои ние сме свесни или за кои не сме. Ако мразам човек поради тоа што сум изплашен од него, и доколку сум свесен за мојата омраза но не и за мојот страв, можеме да кажеме дека мојата омраза е свесна а стравот несвесен; сепак мојот страв не лежи во мистериозното несвесео.”

Џон Сиарл го критикува Фројд. Тој тврди дека самата идеја за постоење на колекција мисли кои се наоѓаат во привилигирана област во умот така што тие во принцип не се достапни за свесноста е неразбирлива. Ова не е кажано со цел да имплицира дека несвесните процеси кои ги формираат основите на поголемиот дел од свесниот живот не постојат.Сиарл едноставно тврди дека не е разбирливо да се претпостави постоењето на нешто како “ мислата ” на секој можен начин освен за фактот дека никој не може да биде свесен за тоа (не може навистина да ја мисли). Да се зборува за “ нешто ” како “ мисла ” или значи дека се мисли од мислител или дека може да се мисли од мислител. Процесите кои не се патемно поврзани со феноменот наречен мислење посоодветно се нарекуваат несвесни процеси ки се одвиваат во мозокот. Други критичари на Фројдовото несвесно се Дејвид Станард, Ричард Вебстер, Итан Вотерс и Ричард Офше.

Дејвид Холмс испитувал истражување за Фројдовиот концепт за репресијата кое траело 60 години , и заклучил дека нема позитивен доказ за овој концепт. Поради недостатокот на докази во многуте хипотези на Фројд, некои научни истражувачи предложиле посоење на несвесни механизми кои се многу различни од оние на Фројд. Станува збор за “ когнитивно несвесно ” (Џон Килстром), “ приспособливо несвесно ” (Тимоти Вилсон), или “ немо несвесно ”(Лофтус и Клингер), кое ги извршува автоматските процеси но не содржи комплекси механизми на репресија и симболичко враќање на истата.

Во модерната когитивна психологија, многу истражувачи се обиделе да му го одземат на поимот “ несвесно ” Фројдовото наследство, и алтернативните термини како “ имплицитно ” или “ автоматско ” почнале да се вреднуваат. Овие традиции го нагласуваат степенот до кој когнитивната обработка се случува надвор од доменот на когнитивната свесност, и покажуваат дека работите за кои ние не сме свесни сепак можат да имаат влијание врз други когнитивни процеси како однесувањето. Традициите на активното истражување на несвесното вклучуваат имплицитна меморија и несвесно стекнување со знаења.

Несвесното и соништата

уреди

Според Фројд, во рамките на несвесното, целта на соништата е да гледаат во несвесните нагони и незадоволените потреби и потсвесно да бараат исполнување на истите. Луѓето настојуваат да ги исполнат овие нагони преку сонувањето бидејќи не можат да ги исполнат во реалниот живот.На пример, доколку некој сака да ограби продавница и се чувствува виновен поради тоа, тие можат да сонуваат такво сценарио во кое нивните акции се оправдани и така се ослободуваат од вината.

Фројд тврдел дека аспектот на исполнување на желби може да се разликува според потешкотиите при разликувањето на манифестираната содржина од латентната. Манифестираната содржина се состои од заплетот на соништата кои се на нивото на површината. Латентната пак, се однесува на скриените и маскирани значења во настаните на заплетот. Таа ги содржи најнтимните информации од моменталните проблеми на сонувачот и неговите конфликти од детството.

Спротивни теории

уреди

Како одговор на Фројдовата теорија за соништата, други психолози дошле до теории кои противречат на неговата расправа. Теоретичарката Розалин Картрајт предлага дека соништата им овозможуваат на луѓето да ги одглумат и да работат на сопствените проблеми во нереална околина и без последици. Според нејзиниот поглед за когнитивно решавање на проблемите, постои голем континуитет меѓу нашите мисли кога сме будни и оние кога сонуваме. Застапниците на овој став веруваат дека соништата овозможуваат учествување во креативното размислување и во алтернативните начини за справување личните проблеми поради тоа што соништата не се ограничени со лоигика или реализам. На пример, жените кои минуваат низ развод најчесто сонуваат ситуации поврзани со разводот.

Во прилог на ова, Џ. Ален Хобсон и колегите расправаат дека соништата не се ништо повеќе од споредни појави кои произлегуваат од изливот на активности кои доаѓаат од подкората на мозокот. Тие ја поставиле хипотезата за активирање со синтеза според која соништата се само споредни ефекти од нервната активност на мозокот која за време на спиењето со БДО создава мозочни бета бранови кои се поврзани со будноста. Во контекст на ова, невроните за време на спиењето периодично се активираат во пониските мозочни нивоа и праќаат случајни сигнали до кората на мозокот. Потоа, кората на мозокот како реакција на овие сигнали создава сон со цел да се обиде да разбере зошто мозокот ги испраќа.Сепак, ова не наведува дека соништата се бесмислени туку само го намалува значењето кое емотивните фактори го имаат при одредување на соништата.

Несвесниот ум во современтата когнитивна психологија

уреди

Истражување

уреди

Историски гледано, традицијата за психоаналитичко истражување била првата која се сконцентрирала на феноменот за несвесната ментална активност, но покрај неа постои и област на убедливи истражувања и знаења кои произлегуваат од современата когнитивна психологија која се занимава со менталната активност со која не посредува свеста.

Поголемиот дел од овие когнитивни истражувања се одвиваат во обичната, академска традиција на обработка на информации. Когнитивните испитувања на несвесните податоци се засновани на многу малку теоретски претпоставки и се емпириски ориентирани(произлегуваат од податоци) за разлика од психоаналитичката традиција која е релативно шпекулативна (тешко може да се изведат емпириски докази за концептите како Едипов комплекс или Електра комплекс). Когнитивното истражување открива дека поединците регистрираат и се здобиваат со повеќе информации автоматски односно несвесно, отколку при свесно размислување.

Несвесна обработка на податоци за честотата

уреди

Голем број истражувања кои биле спроведени од страна на Хашер и Закс покажале дека поединците автоматски ги регистрираат информациите за честотата на настаните (надвор од свеста и без да вклучат свест во ресурсите за обработка на информации). Според тоа , примачите го прават ова несвесно, навистина “ автоматски ” и без оглед на наредбите кои ги примаат и целите кои сакаат да ги постигнат при обработката на информации. Интересно е тоа што способноста несвесно и релативно прецизно да се предвиде честотата на настаните има многу мала или нема никаква врска со возраста, образованието, интелигенцијата или карактерот на поединецот, според што таа во основа може да се смета за еден од темелите на човечката ориентација во животната средина и на евентуално стекнување на процедурални знаења или искуства.

Поврзано

уреди

Белешки

уреди

Надворешни врски

уреди