Некој бил тука
„Некој бил тука“ – роман на македонската писателка Николина Андова Шопова. Книгата е издадена во 2018 година од издавачкото претпријатие Темплум, а била прогласена за роман на годината.[1].
Автор | Николина Андова Шопова |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | роман |
Издавач | Издавачка куќа Темплум |
Издадена | 2018 |
Медиум | печатено издание,185×120 mm |
Страници | 122 |
За романот
уреди„Некој бил тука“ е напишан роман со привлечен стил што веднаш вовлекува. Изнијансирани и вешто монтирани слики, едновремено импресивни и медитативни. Прецизно оцртани мистериозни и непредвидливи ликови. Реалистичен но вознемирувачки амбиент. Внимателно избрани екстериери и ентериери - туѓиот стан, на пример, како своевиден „недвижен лик“, во кој главниот лик скришно влегува како во лулка и гробница, која мами на радикални одлуки. Романот е психолошки убедлив и вознемирувачки длабок: го лови моментот кога болката станува лудило и смрт. „Некој бил тука“ од Николина Андова Шопова е роман што се чита брзо и лесно, но истовремено е и приказна што не е ниту површна, ниту плитка. Тоа е исклучително зрел и убедлив, тежок и емотивно напорен текст за читателот. Се работи за една долготрајна и мачна себеотуѓеност која, низ необична и нималку наивна игра со и во просторот, резултира во едно неопходно и неизбежно себесретнување. Раскажувањето на Андова Шопова со леснотија го повлекува читателот во морето од сомнежи, стравови и сеќавања, при што потребна е подготвеност за веднаш и бескомпромисно да се нурне во длабокото. Технички и јазично, тој е компактен и стегнат, во него не недостасуваат ниту „стрчат“ ниту една реченица и ниту еден збор[2].