Неготино и Неготинско во НОБ
Неготино и Неготинско во НОБ се вклучиле уште во 1941 година. Одиграле клучна улога во борбата против фашизмот.
Заднина
уредиПо окупацијата на Кралството Југославија, во Тиквешко се нашол 19-от пешадиски полк „Војвода Путник“ на Кралството Југославија, кој го оставил целото оружје на теренот.[1] Според претходен договор меѓу Германија и Италија, вардарскиот дел на Македонија ѝ припаднал на Бугарија, но во Неготино и во селата од 6 до 26 април 1941 година немало никаква власт. Членовите на КПЈ стапиле во акција, кои притвориле неколкумина српски жандарми и чиновници. На 26 април 1941 година бил направен обид свечено да се пречекаат бугарските војски во Неготино. На собирот меѓу другите присуствувал и Страшо Пинџур, кој одржал говор велејќи дека доаѓањето на Бугарите значи нова окупација за Македонија.
Во текот на НОБ
уредиНа 3 мај 1941 година, во куќата на Александар Донев бил формиран месен комитет на КПЈ во Неготино, а кон крајот на 1941 година во Неготино веќе имало три партиски ќелии. Во текот на 1943 година, формиран е партизански одред во Тиквешко, два баталјона и една бригада на НОВ и ПОМ. Тиквешкиот партизански одред е формиран на 14 мај 1943 година под името „Добри Даскалов“.
Наводи
уреди- ↑ „Неготино во виорот на војната“, Неготино; 1974 г., стр. 24-25