Неговото последно поклонување
„Неговото последно поклонување: Некои сеќавања на Шерлок Холмс“ (англиски: His Last Bow: Some Reminiscences of Sherlock Holmes) е збирка раскази од 1917 година која содржи претходно објавени кратки раскази за Шерлок Холмс, објавена од страна на Артур Конан Дојл. Покрај стандардните кратки раскази кои се вклучуваат во збирката, скоро секое издание вклучува и предговор прераскажан од гледната точка на Џон Вотсон.
Насловна страница на првото издание | |
Автор | Артур Конан Дојл |
---|---|
Илустратор | Ричард Гутшмид |
Изработувач на корицата | Џозеф ван Абе |
Земја | Велика Британија |
Јазик | англиски |
Серијал | Шерлок Холмс |
Жанр | детективска фикција |
Издавач | John Murray |
Издадена | 22 октомври1917 |
Медиум | печатено(тврд повез) |
Страници | 305 |
Претходна | Долината на стравот |
Следна | Архивот на Шерлок Холмс |
Опис
уредиКнигата била објавена во Велика Британија од издавачката куќа Џон Мари во октомври 1917 година. Во САД била објавена од Џорџ Х. Доран.[1]
Шест од приказните биле објавени во списанието „Стренд“ (The Strand Magazine) во периодот од септември 1908 и декември 1913.[2][3] Списанието ја објавила приказната „Преноќилиштето Вистерија“ под насловот „Сеќавањата на Шерлок Холмс“ и била поделена во два дела, “Исклучителниот случај на Џон Скот Еклс“ и “Тигарот од Сан Педро“.[4] Последната приказна „Неговото последно поклонување“ (1917) е епилог на воената служба на Холмс и била објавена во Колиерс на 22 септември 1917 година - еден месец пред премиерата на книгата на 22 октомври.[2][3]
Содржина
уреди- Предговор на Џон Вотсон (1917)
- ,,Преноќилиштето Вистерија" ("The Adventure of Wisteria Lodge", 1908)
- ,,Картонската кутија" ("The Adventure of the Cardboard Box", 1892) (овој расказ стои во Мемоарите на Шерлок Холмс во британското издание на канонот)
- ,,Црвениот круг" ("The Adventure of the Red Circle", 1911)
- ,,Плановите Брус-Партингтон" ("The Adventure of the Bruce-Partington Plans", 1908)
- ,,Детективот што умира" ("The Adventure of the Dying Detective", 1913)
- ,,Исчезнувањетона Леди Францис Карфекс" ("The Disappearance of Lady Frances Carfax", 1911)
- ,,Ѓаволовата нога" ("The Adventure of the Devil's Foot", 1910)
- ,,Неговиот последен поклон" ("His Last Bow", 1917)
Наводи
уреди- ↑ Cawthorne, Nigel (2011). A Brief History of Sherlock Holmes. Running Press. стр. 138. ISBN 978-0762444083.
- ↑ 2,0 2,1 „His Last Bow“. De Encyclopédie de Conan Doyle & Sherlock Holmes. Société Sherlock Holmes de France. Посетено на 21 January 2014.
- ↑ 3,0 3,1 „His Last Bow: Some Reminiscences of Sherlock Holmes“. De Encyclopédie de Conan Doyle & Sherlock Holmes. Société Sherlock Holmes de France. Посетено на 21 January 2014.
- ↑ Doyle, Arthur Conan (October 1979). The Sherlock Holmes Omnibus (2 illustrated. изд.). John Murray. ISBN 071953691X.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- "The Adventure of Wisteria Lodge" на Проектот „Гутенберг“
- "The Adventure of the Cardboard Box" на Проектот „Гутенберг“
- "The Adventure of the Red Circle" на Проектот „Гутенберг“
- "The Adventure of the Bruce-Partington Plans" на Проектот „Гутенберг“
- "The Adventure of the Dying Detective" на Проектот „Гутенберг“
- "The Disappearance of Lady Frances Carfax" на Проектот „Гутенберг“
- "The Adventure of the Devil's Foot" на Проектот „Гутенберг“
- "His Last Bow" на Проектот „Гутенберг“