Неважечко гласачко ливче
Во гласањето, за неважечко гласачко ливче (неважечко ливче, поништен глас, поништено ливче или неважечки глас, отфрлени гласачки ливчиња) се смета она ливче кое не е пополнето на начин предвиден со Изборниот законик, ако е прецртано делумно или целосно, ако се заокружени повеќе листи на кандидати, ако бројот на гласачкото ливче не е соодветен на бројот на гласачкото место каде се гласа, или ако гласачкото ливче нема печат на предната страна[1] и затоа не е вклучено во пребројувањето на гласовите. Поништувањето на ливчето може да биде случајно или намерно. Бројот на неважечки гласачки ливчиња задолжително се внесуваат во записникот за гласање.[2]
Видови на неважечки гласачки ливчиња
уредиГласачкото ливче се поништува во следниве случаи:
- Ако не е пополнето, не е заокружен ниту еден кандидат и во гласачката кутија е уфлено празно гласачко ливче; или на било кој начин е уништено наместо да се гласа (пречкртување, цртки, цртежи).
- Ако е пополнето на начин кој не е во согласност со изборниот законик во земјата во која се гласа, на пример:
- Заокружување на повеќе листи на кандидати или кандидат (прегласување), или помалку од потребното (подгласување).
- Давање на преференцијален глас по несоодветен редослед (кај гласањето со отворени листи), на пр. 1-2-2-3-4 или 1-2-4-5-6, 1-4-2-4-5. Во повеќето случаи, само првите два избори од примериве се сметаат за валидни.
- Допишување на кандидат кога во законикот не е предвидена таква опција. Гласот за овој кандидат ќе биде отфрлен.
- Ако е пополнето на начин на кој не може да се утврди за која листа на кандидат, односно листа на кандидати избирачот гласал.
- Ако е физички уништено или деформирано, особено за оние ливчиња кои се пребројуваат со машина.
- Ако се додадени знаци на гласачкото ливче, освен неопходните за остварување на правото на глас, преку кои може да се утврди идентитетот на гласачот, загрозувајќи ја тајноста на гласањето .
Замена на гласачки ливчиња
уредиАко гласачот згрешил при пополнувањето на гласачкото ливче, во некои земји е можна е замена на гласачкото ливче и повторување на процесот на гласање. Во САД, заменетите гласачки ливчиња се нарекуваат „уништени ливчиња“, [3] за разлика од „неважечките гласови“ уфрлени во кутијата.
Во Канада, уништено гласачко ливче е она ливче кое што бирачот го уништил до мерка да тоа е неупотребливо, или ако член на комисијата утврди дека е премачкано или неправилно отпечатено. Уништеното гласачко ливче не се става во гласачката кутија, туку се означува како уништено од комисијата и се остава настрана. На гласачот му се дава друго гласачко ливче. „Отфрлено гласачко ливче“ е она кое не се брои поради неправилно обележување од страна на гласачот. [4]
Намерно поништување
уредиГласачот може намерно да го поништи ливчето, на пример како протестен глас, претежно во законодавства со задолжително гласање, за да го покаже дека не поддржува ниту еден од кандидатите на листата, а во исто време учествува во изборниот процес. Намерно поништување на туѓо гласачко ливче пред или по пребројувањето се смета за изборна измама.
Ненамерно поништување
уредиНа гласачите обично им седаваат инструкции пред гласањето со цел да се минимизира ненамерното поништување на ливчињата. Самиот дизајнот на гласачките ливчиња во голема мера може да придонесе (или да ја спречи) во јасноста на изборите, што резултира со помалку или повеќе неважечки ливчиња.
Поврзано
уреди- Изборна измама
Наводи
уреди- ↑ „Упатство за важечки и неважечки гласачки ливчиња“. Државна Изборна Комисија.
- ↑ „Изборен Законик“ (PDF).
- ↑ See, for example, Kentucky Revised Statutes 117.385 Архивирано на 7 јуни 2013 г., effective July 15, 1982
- ↑ Canada, Elections. „Elections Canada - Home Page“. Elections Canada. Посетено на 2020-07-21.