Нашите Англичани
„Нашите Англичани“ (француски: Nos Anglais) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен на 10 февруари 1885 година.
Содржина
уредиДодека патува со воз, раскажувачот наоѓа на седиштето една тетратка - дневникот на некој патник и почнува да чита. Авторот на записите го опишува својот престој во одморалиштето Мантон каде неговиот хотел бил полн со англиски туристи. Бидејќи била недела, предводени од главниот пастор, гостите читале извадоци од Библијата и пееле верски песни, додека утредента се забавувале со песни и танци. Следната недела, патникот го скрил клучот со кој бил заклучен клавирот, а утредента добил отказ од хотелот, а на заминување, тој им одржал предавање на англиските свештеници.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Наши Енглези“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 116-126.