Нашиот леб секојдневен
„Нашиот секојдневен леб“ (англиски: Our Daily Bread) — филм на режисерот Кинг Видор (King Vidor) од 1934 година. Исто така, Видор е и автор на сценариото, заедно со Елизабет Хил (Elizabeth Hill). Главните улоги ги играат: Карен Морли (Karen Morley), Том Кин (Tom Keene) и Џон Кволен (John Qualen).[1]
Синопсис
уредиВо филмот се прикажува група работници кои за да ја победат сиромаштијата се здружуваат во еден вид земјоделска задруга...