Национална асоцијација на пронаоѓачи на Македонија

Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонијаздружение во Македонија. Здружението било основано во 2016 година во Скопје. Асоцијациајат на пронаоѓачи на Македонија е настаната како потреба на пронаоѓачите на Македонија. Сојузот е стручен, доброволен, самостоен, непрофитен, невладин и вонпартиски сојуз на здруженија на граѓани кои имаат афинитет кон пронаоѓаштвото, иновациите и техничките унапредувања. НИАИМ се грижи за развојот на пронаоѓаштвото во Р Македонија и ги поттикнува и поддржува активностите на пронаоѓачите и иноваторите во Р Македонија. Денес членството го сочинуваат повеќе од 100 пронаоѓачи, како и уште толку млади пронаоѓачи. Во 2016 година, Асоцијацијата станала полноправна членка на Меѓународна федерација на асоцијации на пронаоѓачи (ИФИА).[1]

Национална асоцијација на пронаоѓачи на Македонија
Логото на здружението
КратенкаНАИМ
Основана2016
Видневладина организација
РегионМакедонија Македонија
ПретседателМирко Узелац
ПотпретседателВладимир Филевски
ПрипадностМеѓународна федерација на асоцијации на пронаоѓачи (ИФИА)
Мреж. местоhttps://www.naim.mk/mk/

Историјат

уреди

Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија била основана од две правни лица: Друштво на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања „Михајло Пупин“ и Друштво на пронаоѓачи „Новитет“. Творци на оваа Асоцијацјација се пронаоѓачите Мирко Узелац и Владимир Филевски.

Активности

уреди

Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија го организира најголемиот меѓународен саем на иновации и нови технологии „ИНОВАМАК“ секоја година во главниот град Скопје во Македонија.[2]

Цели

уреди

– Создавање на содржински, методолошки и организаторски претпоставки за унапредување на пронаоѓаштвото и другите форми на индустриска сопственост;

– Популаризирање на пронаоѓачката и иновативната дејност преку советувања, предавања, трибини, изложби на пронајдоци и иновации и други форми;

– Работа со млади кадри на проблематиката од пронаоѓаштвото и иновациите и подигање на стучното ниво на членовите на НАПМ во областите од пронаоѓаштвото и иноваторството;

– Откривање, негување и стимулирање на талентирани ученици и студенти на полето на пронаоѓаштвото и иноваторството;

– Помагање во нормативното уредување на проблематиката сврзана со развојот и унапредувањето на пронаоѓаштвото и иноваторската дејност и правилната распределба на доходот од оваа дејност во трговските друштва;

– Соработка со државните органи и институции по прашањата од иноваторството и пронаоѓаштвото;

– Перманентно и редовно информирање на членовите на друштвото за сите промени и новини

во правната сфера, а кои се однесуваат на пронаоѓаштвото и иноваторството на ниво на Републиката и меѓународните институции и асоцијации и доставување на информации од изложби и други форми низ кои се популаризира и унапредува иноваторството;

– Создавање на основа за промовирање и реализирање на иновации;

– Ангажирање во реализацијата на општински, републички и меѓународни манифестации и соработка со специјализирани домашни и меѓународни асоцијации од областа на иноваторството и пронаоѓаштвото;

– Соработка со средните училишта, факултетите и асоцијациите од областа на техниката, во создавањето услови за создавање и реализација на пронајдоци и иновации:

– Поднесување на предлози до надлежните државни органи за донесување, изменување и дополнување на законските и подзаконските прописи со кои се уредува пронаоѓаштвото и иновацијската дејност;

– Презентација на својата работа преку електронските медиуми и медиумите за јавно информирање;

– Учество во научноистражувачки проекти во Република Македонија и странство од областа на пронаоѓаштвото и другите видови на техничкото творештво;

– Учество во создавањето и практичната примена на пронајдоците и другите видови на техничкото творештво;

– Здружување со други сојузи од оваа и слична проблематика од Република Македонија и странство.

Целите и задачите од претходниот став, НАПМ ќе ги остварува преку:

– Донесување на општи акти и специјализирани програми за потикнување и реализирање на пронаоѓаштвото и иноваторството;

– Стручно оспособување и едуцирање на стручни кадри што ќе работат на полето на пронаоѓаштвото и иноваторството;

– Организирање и реализирање на семинари, предавања, советувања, трибини, изложби и други форми;

– Соработка и комуникација со Народна техника на Македонија, Друштвата за наука, факултетите, Стопанските комори во Македонија и странство, органите и телата на државата задолжена за оваа проблематика;

– Соработка со органите на државата задолжени за оваа проблематика и други институции во државата и странство.[3]

Наводи

уреди
  1. „About NAIM“. ifia.com. Архивирано од изворникот на 2021-06-08. Посетено на 8 јуни 2021.
  2. „International Fair of Patents, Inventions, Innovations and New Technology "INOVAMAK". ifia.com. Архивирано од изворникот на 2021-06-08. Посетено на 8 јуни 2021. line feed character во |title= во положба 74 (help)
  3. „За нас“. НАИМ. Посетено на 8 јуни 2021.

Надворешни врски

уреди