Национален природонаучен музеј (Софија)
Националниот природонаучен музеј (бугарски: Национален природонаучен музей; скратено НПМ) на Бугарија ― природонаучен музеј што се наоѓа во Софија, главниот град на Бугарија, на булеварот Цар Освободител, во близина на Руската црква. Основана во 1889 година, таа е поврзана со Бугарската академија на науките и е првиот и најголемиот музеј од ваков вид на Балканот.
Збирката на Музејот вклучува над 400 препарирани цицачи, над 1,200 видови птици, стотици илјади инсекти и други безрбетници, како и примероци од околу една четвртина од минералните видови во светот.
Националниот природонаучен музеј бил основан во 1889 година како Природонаучен музеј на Кнез Фердинанд I, со разни странски и бугарски стручњаци (на пр., Иван Буреш, директор од 1913 до 1947 година) што служеле како негови директори до 1947 година, кога музејот станал дел од зоолошкиот институт на Бугарската академија на науките. Музејот станал автономен како посебен институт во рамките на системот на БАН во 1974 година. Во 1992 година, бил создаден Музејот на палеонтологија - Асеновград, филијала на ПНМ во Асеновград.
Во моментов музејот објавува списание „Historia naturalis bulgarica“ и е рецензиран меѓународен научен весник, објавен од Националниот природонаучен музеј, Софија, Бугарија. Весникот бил објавуван од 1989 година, а од 2018 година се објавува електронски.
Одделенија
уреди- Палеонтологија и минералогија
- Ботаника
- Безрбетници
- ’Рбетници
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Службена мрежна страница на Националниот природонаучен музеј (на бугарски и англиски)