Насте Бакулески
Насте Томев Бакулески (25 март 1923 во Пештани, Охридско — 9 јуни 1945 во Загреб, Хрватска) македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиНасте Томев Бакулески е роден на 25 март 1923 година во селото Пештани. Се занимавал со рибарство. Кон НОБ се приклучил доброволно на 29 август 1944 година. Како борец на Првата македонска ударна бригада, 1 чета, 2 баталјон учествува на Сремскиот фронт. Тешко Ранет во борбите кај Станишиќ се лекува и умира во воената болница во Загреб, на 9 јуни 1945 година.[1]