Нарцис (митологија)

Нарцис (старогрчки: Νάρκισσος) — лик од старогрчката митологија. Тој бил ловец од Беотија, кој бил познат по својата убавина. Тој бил исклучително горд, и ги омаловажувал оние што го сакале. Немезида го забележала ова однесување и го привлекла Нарцис кај реката, каде што тој го видел својот одраз во водата и се вљубил во него, не сфаќајки дека тоа е само слика. Не можејќи да ја остави убавината на својот одраз, Нарцис се удавил. Нарцис е потеклото на терминот нарцизам, фиксација со себеси.

Ехо и Нарцис (1903), пред-Рафаелитско толкување од страна на Џон Вилијам Вотерхаус
Нарцис од Караваџо

Антички извори

уреди

Има многу антички верзии на овој мит. Класичната верзија е таа на Овидиј, напишана во книга 3 од Метаморфози; ова е приказна за Нарцис и Ехо. Еден ден Нарцис одел во шумата кога Ехо го видела, длабоко се заљубила и тргнала по него. Нарцис насетил дека е следен и извикувал "Кој е таму?". Ехо повторила "Кој е таму?". Таа на крајот го открила својот идентитет и се обидела да го фати. Тој отстапил и и рекол да го остави на мира. Срцето и било скршено и го поминала остатокот од својот живот осамена и само ехото на звукот останал од неа. Немезида, божицата на одмаздата, слушнала за ова и одлучила да го казни Нарцис. Едно лето враќајќи се од лов, богинката го намамила до реката каде тој се наведнал над водата и се видел во неа. Тој не сфаќајки дека тоа е само слика се вљубил во неа. Тој на крајот сфатил дека неговата љубов не може да се оствари и извршил самоубиство.[1]

Претходната верзија се припишува на поетот Партениј од Никеја, составена во околу 50 година п.н.е..[2] Како во верзијата на Овидиј, таа завршува со самоубиството на Нарцис. Како и во верзија на Конон, современик на Овидиј (Нарации, 24). Во неа, еден млад маж по име Аминиас се вљубил во Нарцис, кој веќе одбил повеќе машки додворувачи. Нарцис, исто така го одбил и Аминиас и му даде меч. Аминиас извршил самоубиство пред домот на Нарцис. Тој се молел на боговите да го казнат Нарцис за сите маки што ги предизвикал. Крајот е ист како и во другите верзии.[1]

Нарцис како тема во уметноста

уреди

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Greek Myths & Greek Mythology
  2. David Keys, "Ancient manuscript sheds new light on an enduring myth", BBC History Magazine, Vol. 5 No. 5 (May 2004), p. 9 (accessed April 30, 2010);
  3. Pjer Paolo Pazolini, Put i nebo. Beograd: Mali vrt, 2016, стр. 34-35.