Наполеонов план за инвазија на Обединетото Кралство

Наполеоновиот план за напад на Обединетото Кралство на почетокот од Војната на Третата коалиција, иако не бил реализиран, имал големо влијание врз британската поморска стратегија и врз утврдувањето на брегот од југоисточна Англија. Француските обиди да ја нападне Ирска за да го дестабилизира Обединетото Кралство или како отскочна даска за нападот на Велика Британија се реализирале во 1796 година. Првата француска Англиска армија се сконцентрирала на брегот на Ла Манш во 1798 година, но нападот на Англија бил запоставен поради тоа што Наполеон се сконцентрирал на кампањите во Египет и против Австрија. Нападот на Обединетото Кралство бил отповикан во 1802 година по потпишувањето на Амјенскиот договор. Идејата за напад станала повторно актуелна веднаш по избувнувањето на војната во 1803 година, а конечно била отфрлена во 1805 година, пред битката кај Трафалгар.

Увид на трупите во Булоњ, 15 август 1804 година

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди