Наносметач (или нанокомпјутер, од англ. nanocomputer) е сметач помал од микросметачот, кој е пак помал од минисметачот. Технички речено, ова е сметач чиишто основни делови не се поголеми од неколку нанометри. За споредба, најмалиот дел кај најнапредните микрообработувачи има големина од 45 nm [1]. Досега не постојат вакви сметачи во продажба, туку овој поим се користи претежно во науката и научната фантастика.

Распебери Пи (Raspberry Pi) (овде модел A+), познат наносметач

Постојат неколку потенцијални начини на изработка на наносметач: со механичка, електронска, биохемиска, или квантна технологија. Најверојатно наносметачите нема да се служат со полупроводнички транзистори (микроелектронските делови со кои функционираат сите денешни електронски уреди), бидејќи работната способност на таквите делови значително се намалува со намалувањето на нивните димензии под 100 нанометри.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Waldner, Jean-Baptiste (2007). Nanocomputers and Swarm Intelligence. London: ISTE. стр. 173–176. ISBN 1847040020.
  2. „Краток преглед на наноелектронски уреди“ (1998) од Џ. Еленбоген Архивирано на 15 јуни 2010 г. (англиски)

Надворешни врски

уреди