Наиб — во османлискиот судски систем, бил заменик и помошник на кадијата (судијата). Кај поголемите кадилаци, кадиите назначувале наиби во седиштето на кадилакот или во седиштата на нахијата. Наибите биле овластени да ги носат сите одлуки што им ги дозволувал кадијата: судски и други, и од опсегот на стварната и територијалната надлежност. Територијата на која наибот имал надлежност и можност за дејствување се нарекувала нијабет - испостава на кадилакот, односно нижата судско-административна област на кадилакот. Нијабет се нарекува и приход од казни, казни што ги плаќа населението врз основа на осудувањата од кадијата и неговиот заменик наибот.[1]

Наводи

уреди
  1. Institut za javne financije Zdravko Vukšić: Harač. POREZNI VJESNIK 7-8/2016. str. 144 (pristupljeno 9.studenoga 2019.)