Надвор од студот — програма управувана од волонтери која се спроведува во многу канадски градови за време на студените зимски месеци и им служи на бездомниците и сиромашните членови на заедницата. Иако првично била католичка програма започната од сестра Сузан Моран во школата на Сент Мајкл,[1][2][3][4] таа прераснала во мулти религиозна иницијатива со организации од заедницата како цркви, синагоги и џамии во одреден град, при што наизменично се обезбедува храна, гостопримство и медицински услуги.[1] Програмата трае од околу средината на ноември до почетокот на април. Некои програми може да бидат отворени секоја вечер, додека други се отворени само одредени ноќи. Достапноста на волонтери исто така може да диктира колку често одредена програма е отворена.

Оние кои ги добиваат услугите се нарекуваат гости. Гостите се третираат со грижа, почит и без осудување. За разлика од другите програми за засолниште, Надвор од студот генерално не бара детална регистрација.[5]

Типични услуги

уреди

Следниве се листа на услуги што може да ги понуди организација која учествува во програмата „Надвор Од Студот“. Една организација може да избере да обезбеди една или повеќе услуги во зависност од нивниот капацитет.

  • Топла, зготвена храна
  • Облека
  • Кревет за ноќевање
  • Медицински сестри / Медицинска нега
  • Тушеви
  • Услуги за лична хигиена како што е шишање
  • Превоз до/од

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „History and Tradition of OOTC“. Архивирано од изворникот на 2015-09-12.
  2. Peters, Diane (2017-01-06). „Out of the Cold co-founder Sister Susan Moran was tireless advocate for homeless“. Globe and Mail.
  3. Matheiu, Emily (2016-12-21). „Sister Susan Moran dedicated her life to helping the homeless“. Toronto Star.
  4. Israel, Solomon (2016-12-20). „Susan Moran, nun who co-founded Out of the Cold program, dead at 78“. CBC News.
  5. „A warm bed, out of the cold“. The Record. Metroland Media Group. 2012-12-21.

Надворешни врски

уреди