Рамнилов Крак

спирален крак на Млечниот Пат
(Пренасочено од Надворешен Крак)

Рамнилов Крак — помал спирален крак на Млечниот Пат близу средиштето на галаксијата.[1] Бнатрешниот дел на кракот се нарекува Рамнилов Крак во потесна смисла. Надворешниот дел се нарекува или Лебедов Крак, кој се наоѓа вон Персеевиот Крак или Надворешен Крак, подалеку од средиштето на галаксијата од Лебедовиот Крак.[1] Рамниловиот Крак почнува на 2,2 од Галактичкото Средиште,[2] и се протега нанадвор до полупречник од 15,5 ± 2,8 кпс. Наречен е по соѕвездието Рамнило низ кое поминува кога се гледа од Земјата.

Краците на Млечниот Пат

Како и многу други галаксии од тој тип, Млечниот Пат се има голема маса ѕвезди обликувани од гравитацијата во релативно рамен диск. Дискот се врти, при што ѕвездите во погустиот средиштен дел се вртат побрзо од оние по неговите рабови. Поради ова, ѕвездите се распоредени во спирален облик кога дискот се набљудува одозогора или одоздола.

Поради месните гравитациски разлики, самата голема спирала има образувано одделни спирални краци каде се среќаваат особено голем број ѕвезди.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Churchwell, Ed; Babler, Brian L.; Meade, Marlin A. (2009). „The Spitzer/GLIMPSE Surveys: A New View of the Milky Way“ (PDF). Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 121: 213–230. Bibcode:2009PASP..121..213C. doi:10.1086/597811. Архивирано од изворникот (pdf) на 2013-11-02. Посетено на 2022-10-26.
  2. Vallée, Jacques P. (септември 2017). „The Norma spiral arm: large-scale pitch angle“. Astrophysics and Space Science. 362 (9): 5. arXiv:1708.07189. Bibcode:2017Ap&SS.362..173V. doi:10.1007/s10509-017-3145-5. 173.