Награда „Пегаз“
Награда „Пегаз“ – книжевна награда за најдобар необјавен македонски роман на годината
Историјат
уредиНаградата „Пегаз“ е востановена во 2019 година, како своевидно продолжение на етаблираната награда „Роман на годината“, што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ за најдобар објавен роман на годината. Целта на наградата „Пегаз“ е да прерасне во книжевен скаут во потрага по квалитетно романескно остварување и по нови писателски гласови што ќе го унапредат овој книжевен вид во рамките на македонската книжевна продукција.
За наградата „Пегаз“
уредиКонкурсот за наградата „Пегаз“ e распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. За наградата можат да конкурираат сите необјавени романи наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори-кандидати за наградата, кои треба да ги достават своите ракописи во електронска форма во „ворд“ или во ПДФ-формат. Ракописите ги оценува тричлена жири-комисија составена од двајца реномирани културни работници и еден претставник од издавачката куќа.
Наградата „Пегаз“ се состои од паричен износ, статуетка и објавување на романот во посебна едиција „Пегаз“.
Досегашни добитници на наградата „Пегаз“
уреди- 2019 - Соња Манџук со романот „Насон прочитана книга“[1] (од 77 ракописи)
- 2020 - Владо Јаневски со романот „Мртвите знаат најдобро“[2] (од 61 ракопис)
- 2020 - Љупчо Петрески со романот „Лазарка“[3] (од 61 ракопис)
- 2021 - Александар Русјаков со романот „Хотел меѓу две војни“[4] (од 44 ракописи)
- 2022 - Сибо со „Зелениот дворец“[5] (од 38 ракописи)
- 2023 - Јована Матевска Атанасова со „Риба во(н) мрежа“[6] (од 36 ракописи)
Откупени романи
Покрај доделувањето на наградата „Пегаз“, секоја година се откупуваат и романи од потесниот избор на конкурсот. Досега се откупени следниве романи:
- 2019 - романот „Курвини синови“[7] од Александар Русјаков
- 2020 – романите[8] „Албино трип“ од Александар Русјаков и „Деса“ од Ивана Трајаноска
- 2021 – романите[9] „Ние“ од Ана Стојаноска и „Мастилна мапа“ од Марија Ралповска
- 2022 - романите[10] „Писма од лудница“ од Срѓан Ивановиќ, „Мртва коска“ од Димче Парталоски и „Есента во животот на професорот по марксизам“ од Моџо Килингтон.
Наводи
уреди- ↑ „„Насон прочитана книга" од Соња Манџук – добитник на наградата „ПЕГАЗ" за најдобар необјавен роман на годината“. Женски Магазин (англиски). Посетено на 2023-11-10.
- ↑ Умно.мк, од (2021-06-29). „Онлајн-промоција на романот „Мртвите знаат најдобро" на Владо Јаневски - УМНО.МК“. Посетено на 2023-11-10.
- ↑ „Промовиран романот „Лазарка" од Љупчо Петрески – добитник на наградата „Пегаз" за 2020 година“. makpress.mk. Посетено на 2023-11-10.
- ↑ Димков, Тони (2022-04-10). „Книжевна награда „Пегаз" за романот „Хотел меѓу две војни" на Александар Русјаков“. Слободен печат. Посетено на 2023-11-10.
- ↑ Умно.мк, од (2022-12-22). „„Зелениот дворец" од Сибо ја доби наградата „Пегаз" за 2022 година - УМНО.МК“. Посетено на 2023-11-10.
- ↑ Сани (2023-12-25). „„Риба во(н) мрежа" од Jована Mатевска Aтанасова е добитник на наградата „Пегаз" за 2023 година“. Република. Посетено на 2023-12-26.
- ↑ „На „Саемот на книга" промовиран романот „Курвински хроники" од Александар Русјаков“. Hashtag. Посетено на 2023-11-10.
- ↑ „Избрани победниците на конкурсот за најдобар необјавен роман „ПЕГАЗ"“. Фактор Портал. Посетено на 2023-11-10.
- ↑ Умно.мк, од (2023-02-20). „Промовирани романите „Ние" на Ана Стојаноска и „Мастилна мапа" на Марија Ралповска - УМНО.МК“. Посетено на 2023-11-10.
- ↑ „Тројна промоција на романите-финалисти за наградата „Пегаз" во 2022 година“. Фокус (англиски). 2023-09-28. Посетено на 2023-11-10.