Награда „Антев часовник“
Награда „Антев часовник“ – награда за необјавена поетска книга на македонски јазик од млад поет до 25 години. Воспоставена во чест на поетот Анте Поповски.
Награда
уредиНаградата ја доделува Meѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. Симболиката на наградата е јасна: името на Поповски сведочи дека добитникот на наградата е Антев следбеник, а часовникот симболизира дека времето на младиот поет допрва доаѓа. и се состои за златник со ликот на поетот Анте Поповски.[1]
Историја
уредиНаградата „Антев часовник“ била востановена во 2019 година за необјавена поетска книга (поетски ракопис) на млад поет до 25 години со цел дополнително да се стимулира творештвото на најмладите таленти. Нејзин прв добитник била поетесата Емануела Ковачевска.[1]
Досегашни добитници
уредиГодина | Добитник | Книга поезија |
---|---|---|
2019[1] | Емануела Ковачевска | Кожена душа |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Наградата Антево перо за Александра Димитрова Архивирано на 20 јуни 2021 г. на семрежното место на Република