Муќкалица (јадење)
Муќкалица — главно јадење, составено од месо и е дел од српската кујна. Различни рецепти се дел од локалните кујни во јужна Србија (Лесковац, Шар Планина од Косово, Топлица).[1] Главната одлика на ова јадење е дека месото пред подготовка на јадењето мора да биде испечено на скара.[2] Месото се посолува и се сече на крупни коцки. Може да се направат и раженчиња на стапче и да се испечат на скара.[3]
Муќкалица | |
Место на потекло | Шар Планина од Косово, Топлица, Србија |
---|---|
Температура на послужување | топла |
Главни состојки | месо, зеленчук, зачини |
Подготовка на јадењето
уредиПарчињата месо од скарата може да се завиткаат со сланина или сланината може посебно да се испече и подоцна да се додаде во зеленчукот. Исечканиот кромид се динста на масло и кога ќе се испржи се додаваат сечканите пиперки, домати и сечканиот лук. Се додава месото, се прелива со малку вода и се динста додека зеленчукот не стане компактна смеса. Се зачинува и замастува по вкус.[4]
Според некои рецепти, доматите треба претходно да се излупат, а пиперките да се потпечат и исто така да се олупат. На крајот од готвењето, муќкалицата се запечува во рерна неколку минути.[5]
- свинско месо, 650 гр
- 2 главици кромид
- 1 дл масло
- сол
- бибер
- 2 лути пиперки
- 4 домати
- лист од магдонос
Шарпланинска муќкалица
уреди- 650 овчо месо од бут
- 1 дл масло
- 5 главици кромид
- 4 чешниња лук
- 1 зелена пиперка
- 1 лажица оцет
- сол
- бибер
- 500 гр свинско филе
- 2 лажици масло
- 150 гр печурки
- 200 гр пиперки
- 100 гр моркови
- 2 лажици соја сос
- 30 гр копар
- сол
- бибер
- 200 гр домашни суви тестенини
- 800 мл вода
- 150 гр фета сирење
- 100 гр чери домати
Наводи
уреди- ↑ „Leskovačka mućkalica – recept“. Sećanja. Посетено на 24 јануари 2020.
- ↑ „Leskovačka mućkalica – recept“. secanja.com. Посетено на 16 јануари 2021.
- ↑ „ZABORAVLJENA JELA SRBIJE“. alo.rs. Посетено на 16 јануари 2021.
- ↑ „Stari recepti sa juga Srbije: Leskovačka mućkalica“. juznasrbija.info. Посетено на 16 јануари 2021.
- ↑ „Mućkalica“. odabranirecepti.blogspot.com. Посетено на 16 јануари 2021.
- ↑ „Leskovačka mućkalica“. Nezavisne. Посетено на 24 јануари 2020.
- ↑ „Toplička mućkalica“. Kuhinjica. Посетено на 24 јануари 2020.
Надворешни врски
уреди- муќкалица, Алмажанска кујна на youtube
- Подготовка на лесковачкa муќкалица
- Подготовка на топличка муќкалица