Мухуру
Мухуру (англиски: Muhuru) е наводно криптид кој наводно живее во џунглите во Кенија. Оваа суштество по изглед е слично со криптидите Мбијелу-Мбијелу-Мбијелу.
Вид | криптид |
---|---|
Подвид | "Жив диносаурус", Езерско чудовиште |
Подрачје | Кенија |
Живеалиште | мочуришта и џунгли |
Други називи
уредиОвој криптид е познат уште како Чудовиште од заливот Мухуру (Muhuru Bay Monster).
Опис на криптидот
уредиОпишан е како диносаурус од групата Стегосауриди. Ова суштество е водоземен билкојадец кој се населува во мочуришните подрачја. Со големина е на возрасен африкански слон. Се наведува дека ова суштество не е агресивно. Кожата му е со темносива боја. Низ грбот има дебели коскени плочи, на врвот на опашката коскен боздоган (како кај диносаурусите од групата Анкилосауриди), а според некои наводи на грбот има оклоп.
Хронологија на средби со оваа суштество и видувања
уреди- Во 1963 година мисионерот Карл Бомбај и неговата жена се први сведоци кои го виделе Мухуру.[1] Наводно, додека патувале со автомобилот, ова суштество им го попречило патот додека лежело на него. Оваа суштество било долго 2,74 до 3,66 метари.
Наводи
уреди- ↑ Drinnon, Dale. „Muhuru, Mbielu-Mbielu-Mbielu and the Megacrocs of East Africa“.