НУ Музеј - Гевгелија
Националната установа Музеј - Гевгелија, познато и како Владов конак— музеј во градот Гевгелија. Основната дејност на Музејот е систематско истражување, собирање, откупување, средување, стручна и научна обработка и проучување, конзервирање на подвижен материјал, чување, објавување и презентација на музејскиот материјал и предмети од значење на археологијата, етнологијата, историјата, историја на уметноста и средновековната уметност. Во составот на музејот е и Уметничката галерија „Амам“.
Зградата на музејот | |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |
Основан | 2003 (со одлука под името НУ Музеј) |
---|---|
Место | Гевгелија, Македонија |
Фонд | Историска постановка Археолошка постановка Ликовна постановка |
Мреж. место | www.muzejgevgelija.mk |
Историја
уредиМузејот бил основан од Владата на Република Македонија со одлука за утврдување на мрежата на национални установи од областа на културата (Службен весник на РМ број: 84/03). Музејот е правен наследник на Р.О. Народен музеј ц.о. - Гевгелија основано од Собранието на Општина Гевгелија.[1]
Публикации на музејот
уреди- Хусеновски, Бобан и Сламков, Емил. (2005). „Водич низ постојаната археолошка поставка“. Гевгелија: НУ Музеј - Гевгелија. ISBN 9989227038.
- Сламков, Емил. (2004). „Уметноста на Вардарски Рид“. Гевгелија. НУ Музеј - Гевгелија. ISBN 9989227020.
- Хусеновски, Бобан. (2004). „Античките монети од Вардарски Рид“. Том I. Гевгелија. НУ Музеј - Гевгелија. ISBN 9989227004.
- Хусеновски, Бобан. (2018). „Античките монети од Вардарски Рид“. Том II. Гевгелија. НУ Музеј - Гевгелија.
- Хусеновски, Бобан. (2007). „Античките монети од Вардарски Рид“. Гевгелија. НУ Музеј - Гевгелија. ISBN 9789989227042.
- Хусеновски, Бобан и Ненова-Мерџанова, Росица. (2004). „Бронзена аутепса од Гевгелија“. Гевгелија: НУ Музеј - Гевгелија. ISBN 9989227012 (музеј), ISBN 9989131050 (завод).
- Хусеновски, Бобан и Сламков, Емил. (2014). „Археолошки водич: гевгелиско - валандовски регион“. Гевгелија: НУ Музеј - Гевгелија. ISBN 9786086542009.
Извор:[2]
Галерија
уреди-
Предната фасада на музејот.
-
Надворешни поставки.
-
Надворешни поставки.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „За нас“. muzejgevgelija.mk. Посетено на 13 ноември 2020.
- ↑ „Публикации“. muzejgevgelija.mk. Посетено на 13 ноември 2020.