Музеј на пакистанската армија
Музеј на пакистанската армија (урду: پاک فوج متحف) ― воен музеј кој се наоѓа во Равалпинди.[1][2] Отворен е на 24 октомври 1961 година[3] за да се зачува минатото на пакистанската армија преку реликвии и слики и е еден од најголемите музеи во Пакистан.[3]
پاک فوج متحف | |
Авион во музејот | |
Основан | 24 октомври 1961 |
---|---|
Тип | Воен |
Фонд | Воена опрема, тенкови и хеликоптери, слики. |
Местоположба и содржина
уредиМузејот содржи и ретки парчиња од оружје и униформи од старо време за да ја отслика преобразбата на воените сили. Некои од преживеаните тенкови Шерман се дел од изложбата на музејот.[2] Музејот на пакистанската армија се наоѓа во колонијалните касарни од британската ера на комплексот згради на Генералштабот на пакистанската армија.[1] Тоа е задолжително да го видат љубителите на оружјето и воената историја. Овој музеј прикажува оружје и муниција од могулско време и сè до современото оружје. Детална историја на еволуцијата на пакистанската армија е понудена во новата музејска зграда.[1]
Светска војна против тероризмот
уредиПосебна галерија е посветена на светска војна против тероризмот и антитерористичките операции на пакистанската војска во племенските области на пакистанско-авганистанската граница.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Revamped army museum exhibits history of warfare, arms in subcontinent, Dawn (newspaper), Ажурирано на 21 февруари 2016, Посетено на 13 јануари 2024
- ↑ 2,0 2,1 Surviving Sherman Dozers Архивирано на 29 март 2019 г., Посетено на 13 јануари 2024
- ↑ 3,0 3,1 Moore, Raymond A. (1979). „Nation building and the Pakistan army, 1947-1969 - Raymond A. Moore - Google Books“. Посетено на 13 јануари 2024.
Надворешни врски
уреди„Музеј на пакистанската армија“ на Ризницата ? |